6.8 C
Скопје
03:29 - 20 октомври, 2026

Славчо Попоски: Грч студени утра, висок воздушен притисок, а еве кога ќе има мал пораст на температурите

– Под влијание на силен Антициклонски систем (висок воздушен притисок) во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и студено време. Односно времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и температурите понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени, додека во северозападните високи планински предели и до околу -15 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени.
Постепен мал пораст на температурите ќе има од утре па натаму кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени, а во Малешевијата дневните температури ќе останат до околу 0 степени. Наутро и понатаму ќе биде МНОГУ СТУДЕНО.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -5 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 5 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и напоменува:
– Деновиве ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ПОКАЧУВАЊЕ на воздушниот притисок (истиот ќе се искачи дури и над 1035 htp), што значи дека ќе бидеме под влијание на силен Антициклонален систем (гребен).

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....