10.8 C
Скопје
22:24 - 19 октомври, 2026

СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ ПАК СЕ ЖЕНИ: 86 годишниот „младоженец“ одбра 54 години помлада секси политичарка

Свадбената забава на лидерот на партијата Форца Италија, долгогодишниот поранешен премиер на Италија, бизнисмен и политичар Силвио Берлускони кој во септември ќе полни 86 години и неговата избраничка на срцето 32-годишната Марта Фашина ќе се случи в сабота на 19 март.

Според најавите тоа ќе биде „трезвена и непомпезна церемонија во американски стил“. Иако свадба ќе има, таа нема да биде официјализирана со потпис, односно нема да има правна вредност, ама славењето ќе биде големо „како што заслужува толку важна врска“ .

На свадбената прослава која ќе се случи во луксузната Вила Џернето во Лезмо, нема да бидат присутни сите деца на Берлускони.

Инаку Марта која е 54 години помлада од „младоженецот“ е политичарка и членка на неговата партија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marta Fascina (@mf9milan)

Силвио Берлускони, чие здравје предизвикувa одредена загриженост поради последиците од долгиот Ковид, никогаш не ја криел својата страст за жените кои не беа само дел од неговиот приватен живот, туку и на неговиот јавен имиџ. Покрај бројните отворени, јавни врски со убавици, беше официјално двапати женет, а имаше и повеќе вереници.

Во 2012 година, магазинот Форбс објави дека Берлускони е шестиот најбогат човек во Италија, со нето богатство од 5,9 милијарди долари. Има значителен имот во телевизија, весник, издаваштво, кино, финансии, банкарство, осигурување и спорт.

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....