29.7 C
Скопје
15:55 - 19 јуни, 2026

Што ќе се случи со вашето тело доколку ПОЈАДУВАТЕ ОВЕСНА КАША секој ден?

Најлошото нешто што може да ви се случи по активно појадување овесна каша цел еден месец е тоа што, најверојатно, по еден месец – повеќе нема да сакате ни да ја погледнете.

Овесната каша е вистинскиот избор за појадок, особено затоа што ќе има одличен ефект врз вашето тело, но исто така ќе ве држи сити подолго време. Лесно се вари, богата е со растителни влакна и протеини, а од друга страна, содржи малку маснотии и калории, пишува на веб-страницата Вечерни лист.

Unsplash
Фото: Unsplash

Дополнителен плус е што го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го намалува ризикот од дијабетес тип 2, го зајакнува имунитетот, едноставно има толку многу причини овесната каша да стане дел од нашата исхрана.

Сепак, треба да знаете дека за различни видови овес потребни се различни количини вода или млеко, а времето за готвење е различно. Но, откако ќе го подготвите според упатствата на пакувањето, можете да експериментирате малку со други производи за подобар вкус. Во кашата може да додадете пример грчки јогурт, лажичка мед, сецкани парчиња јаболка, кафеав шеќер и цимет.

Unsplash
Фото: Unsplash

Не е забрането да додадете дури и лажичка од омилениот крем, како и парчиња банана и шумско овошје.

Секако, треба да имате предвид дека секогаш се препорачува разновидна урамнотежена исхрана, но овесната каша, во различни варијанти, сигурно ни одговара како идеја кога не знаеме што да појадуваме.

Слични објави

Малкумина го знаат ова: Со што се занимавала Емина Јаховиќ пред музичката кариера?

Еспресо

Палми, базен и висока ограда — Ана Севиќ ужива во луксузната вила, ја чува обезбедување 24 часа на ден

Еспресо

(Фото) Ќерката на Гоца Тржан блесна на матурата — убавата Лена беше како холивудска ѕвезда

Еспресо

(Фото) Ана Стојанова ги полни батериите во Турција — згодната инфлуенсерка никогаш не била во подобра форма!

Еспресо

Нова ѕвезда на регионалната сцена – која е атрактивната русокоса од спотовите на Јаков Јозиновиќ?

E.A.

Шокантно признание на Бобан Рајовиќ – со години криел од семејството дека должи половина милион евра, сопругата сакала да скокне од тераса

E.A.
Се вчитува....