30.8 C
Скопје
12:58 - 9 септември, 2026

Се огласи кралот Чарлс: Пресреќен е што Кејт Мидлтон се враќа на неговиот роденден во јавност

Кејт Мидлтон денес ќе биде на официјалната роденденска прослава на кралот Чарлс Трети. Претставник на Бакингемската палата ја пренесува реакцијата на монархот на овој важен развој на настаните, кој се случи речиси точно пет месеци откако принцезата од Велс беше подложена на операција во Лондон (голема операција на абдоменот), и речиси три месеци откако таа ѝ соопшти на јавноста дека боледува од рак, а шест месеци откако не се појавила во јавноста.

Кралот Чарлс е воодушевен од храбрата одлука на Кејт Мидлтон да присуствува на Trooping the Color, настан кој се одржува денес во Лондон, додека таа продолжува да се бори со ракот. „Монархот многу се радува“, пренесува извор близок до Палатата.

Кејт Мидлтон однапред разговарала со кралот за нејзиното пристигнување на денешната церемонија. Принцезата од Велс и понатаму останува полковник на ирската гарда, но под малку поинакви околности, па ќе биде заменета со генерал-полковникот Џејмс Бакнал.

Запрашан како се чувствува принцезата, претставник на палатата Кенсингтон рече: „Како што рече, лекувањето напредува добро и таа со нетрпение очекува утре да му се придружи на семејството. Како што истакна во својата порака и како што знаат сите што примаат хемотерапија , таа има добри и лоши денови“.

Од Кенсингтонската палата истакнаа дека принцезата повеќе нема да го коментира нејзиниот третман и нема да зборува повеќе за процесот на лекување, пишува Дејли Мејл.

Кејт Мидлтон, која има посебен однос со кралот, вчера се огласи и објави нова фотографија како и нови детали за нејзиното здравје. Таа ги израдува сите со веста дека денес ќе биде на роденденската прослава на кралот Чарлс Трети. Ова е нејзиното најважно огласување во јавност  откако на 22 март изјави дека боледува од рак во емотивна порака што ја изработи студиото на Би-Би-Си. Принцезата од Велс ги потврди гласините дека денес ќе се појави во јавноста.

Откриена посебната врска на Кејт Мидлтон и кралицата Елизабета Втора

 

Слични објави

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо
Се вчитува....