19:04 - 30 јули, 2026

Салма Хајек ѝ помага на Анџелина Џоли околу разводот со Бред Пит: Еве ги деталите

Анџелина Џоли ја користи финансиската моќ на нејзината пријателка Салма Хајек за време на долготрајниот развод со Бред Пит, пишува In Touch.

„Анџелина запознала многу милијардери за време на нејзината кариера како актерка, но пријателството што го разви со Салма во последните неколку години е сосема поинакво нешто и навистина ја зголемува моќта на Анџелина во бизнисот“, рече изворот.

Во 2009 година, мексиканско-американската актерка, чие богатство се проценува на повеќе од 100 милиони фунти, се омажи за францускиот милијардер, сопственик на луксузен бренд, Франсоа-Анри Пино, кој „тежи“ повеќе од 6 милијарди фунти.

Во меѓувреме, Џоли и Пит официјално се разведоа во 2019 година, но сепак продолжуваат да се тужат за заеднички бизниси и старателство над малолетните деца.

„Нивниот следен заеднички проект е филмот на Анџелина „Без крв“, кој ќе биде претставен на фестивалот оваа есен“, истакна инсајдерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Ова не е прв пат Џоли и Хајек да соработуваат. Тие претходно глумеа заедно во филмот „Вечните“. После ова, Енџи ја покани Салма да го направи своето режисерско деби.

Хајек претходно призна дека Џоли е вистински специјалист и професионалец во својата област. Според Салма, нејзината колешка сега е најдобар режисер.

„Уживав во секоја секунда од работата со неа. Бев многу задоволна што доаѓам на работа секој ден“, рече Хајек.

Бен Афлек може да ја преболи Џенифер Лопез со друга славна Џенифер: Анистон не ги крие симпатиите кон Бен

 

 

Слични објави

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova

(Фото) Длабоко деколте во црн атрактивен фустан: Слобода Миќаловиќ воодушеви со стајлингот

Еспресо

„Трета средба со Варшава, но пак немав среќа да ја видам сончева“: Каролина Гочева од дождливите улици на Полска

Еспресо

Елена Ристеска ги разнежни следбениците со прекрасни фотографии: „Мојата внука и јас, си пееме“

Еспресо

(Фото) Понекогаш е доволен само еден фустан за вечерта да стане незаборавна – ќе го најдете во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....