0.8 C
Скопје
02:10 - 11 март, 2026

(РЕЦЕПТ) ПРОВЕРЕНО ДЕЛУВА: Тибетански рецепт за домашен лек од лук, спречува инфаркт, лекува склероза, стенокардија, апоплексија и рак!

Овој лек е пронајден од експедицијата на УНЕСКО во 1971 во еден тибетски манастир, напишан на една глинена табличка. Текстот е преведен на сите светски јазици.

Лекот се користел на Тибет за спречување од инфаркт, склероза, стенокардија, апоплексија и тумор. Покрај тоа, го ослободува организмот од масните наслаги, ја подобрува размената на материите и еластичноста на крвните садови, го подобрува видот, го спречува шумот во главата, а влијае и за подмладување на организмот.

Ако не верувате во неговата чудесна моќ, пробајте!

 

За да се приготви овој лек, потребни се 300 грама лук и 300 грама 96 % алкохол.

Подготовка на лекот

Лукот се ситни и се толчи во дрвен аван. Се става во шише или во тегла, се прелева со алкохол и се затвора. Се чува 10 дена на ладно место. Потоа се процедува низ двојна газа. Ваквата течност се држи затворена уште три дена и потоа може да се почне да се користи.

Лекот се зема во вид на капки во 50 грама млако млеко, секогаш по јадење.

Тајната е и во дозирањето на капките. Првиот ден се зема за појадок една капка, за ручек 2 капки, за вечера 3 капки. Вториот ден се продолжува вака: 4 капки за појадок, 5 капки за ручек, 6 капки за вечера. Третиот ден: 7 капки за појадок, 8 капки за ручек, 9 за вечера. Четврти ден: 10 капки појадок, 11 капки ручек, 12 капки вечера. Петти ден: 13/ 14/ 15. Шести ден: 15/14/13. Седми ден: 12/11/10. Осми ден: 9/8/7. Деветти ден: 6/5/4. Десетти ден: 3/2/1. Единаесеттиот ден се земаат 25 капки за појадок, 25 за ручек и 25 за вечера.

По единаесеттиот ден се продолжува со иста доза, односно 25 капки и за појадок и за ручек и за вечера, сè додека не се потроши целото количество од лекот.

Курата на лекување може да се повтори дури по 5 години.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....