10.8 C
Скопје
08:20 - 4 мај, 2024

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ КОЛАЧ ЈАЈЦЕ НА ОКО: Десерт готов за 20 мин – сите ќе бидат зачудени и воодушевени!

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи колач со праски/кајсии и пандишпан! Колач кој мами со изглед и наликува на јајца на око, а воедно е доста освежителен и вкусен. Совршен семејството, а  вашите гости ќе бидат зачудени и воодушевени, а вам ви требаат само 15-20 минути да го подготвите.

Мартина Трајаноска
Фото: Instagram

Потребни состојки:

Кора:

  • 4 јајца
  • 100 мл масло
  • 100 мл млеко
  • 100 гр шеќер+ванила
  • 200 гр брашно
  • 1/2 пециво

Фил:

  • 600 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • 2 пудинга ванила
  • 300 гр павлака

Плус:

  • 1 конзерва праски/кајсии
  • 1 желатин
  • 300 мл од сокот од конзервата

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Изматете ги јајцата со течните состојки и шеќерот, па додадете ги брашното и пецивото. Префрлете ја смесата во намрсен и набрашнет плех 15х35 и печете во загреана рерна на 200-220 околу 10-15 минути. За тоа време ставете го млекото да зоврие, а од него извадете дел и измешајте го со пудингот и шеќерот. Сварете го пудингот и веднаш во врел додадете ја павлаката. Пандишпанот само што ќе го извадите натопете го со сокот од праските/кајсиите(50-100мл). Топлиот фил префрлете го веднаш врз топлиот испечен и натопен пандишпан. Се се работи толку бргу, што нема да забележите кога сте ја направиле тортава. Веднаш наредете ги праските или кајсиите со растојание измеѓу. Јас користев кајсии од конзерва. За да изгледа сјајно и да ги задржи праските филот, одозгорa прелијте со желатин кој најпрво измешајте го со 3-4 лажици сок да набабри 10 мин(желатинот може да го оставите уште кога ќе почнете со правење на тортата). Потоа растопете го на пареа и додадете го во зовриен сок. Прелијте врз тортата и оставете ја прво на собна, па во фрижидер да се стегне

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....