15:41 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: По сончевите денови, пак ниски температури и дождови, еве од кога!

– Од денес, па сè до вторник нашата територија ќе биде под влијание на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Наутро ќе биде релативно студено, и тоа поради ведрото време и минималните температури понекаде ќе се спуштат и до 0 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

Според Попоски, нова промена на времето, зголемување на облачноста и врнежи од дожд ќе имаме од среда попладне и навечер, кога и температурите ќе бележат тенденција на опаѓање.

– И во Скопскиот регион до вторник времето ќе биде стабилно, суво и сончево со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 22 степени, додека од среда навечер, како и во текот на ноќта кон четврток се очекува нова промена на времето и врнежи, заклучува метео прогнозерот.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....