15:41 - 10 ноември, 2026

БИЛА ЗЛОСТАВУВАНА НА 9 ГОДИНИ: Глорија Естефан прозборе за предаторот скриен во нејзиното семејство!

глорија естефан

Пејачката Глорија Естефан е уште една од низата славни личности кои конечно собраа сила и јавно проговорија дека се соочиле со ужасот од фактот да се биде жртва на сексуално злоставување.

Глорија имала 9 години кога била злоставувана од член на нејзината фамилија, чиј идентитет не го откри во јавноста.

„95% од злоставуваните деца ги знаат и познаваат нивните злоставувачи. го знам ова бидејќи и јас сум една од нив“, откри Глорија Естефан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria Estefan Daily (@gloria__daily)

Во својата објава 64-годишната пејачка откри дека станувало збор за моќен член на нејзиното пошироко семејство,  а нејзината мајка ја запишала во неговото музичко училиште. Тој веднаш почнал да ја фали колку е талентирана и дека ѝ треба посебно внимание, а нејзината мајка била воодушевена.

„Му реков „Ова не може да се случи, не можеш да го правиш ова“. Тој рече „Твојот татко е во Виетнам, твојата мајка е сама и ќе ја убијам ако ѝ кажеш“. Знаев дека човекот е луд и затоа помислив дека тој може всушност да ја повреди мојата мајка“, прозборе Естефан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gloria Estefan Daily (@gloria__daily)

По ужасното злоставувања Глорија започнала да бара изговори само за да не ги посетува музичките часови, тврдејќи дека ѝ биле „досадни“…

Но по губење на значителен дел од нејзината коса како последица од стресот и анксиозноста, на крајот собрала сила да ѝ раскаже сè на својата мајка. Нејзината мајка пријавила во полиција, но не продолжила со тужба за нејзината ќерка да не поминува низ дополнителни трауми од процесите на сведочење и сослушување кои знаат да траат и со месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Billboard Latin (@billboardlatin)

Ова е првпат пејачката да зборува за овој дел од нејзиниот живот, а единствени кои знаеле за непријатното искуство било нејзиното семејство.

„Сакав да се справам со темата бидејќи е многу важно да се обидеме да спречиме. Исто така не сакам ни да седам молчаливо додека други споделуваат и се храбри“, кажа Естефан.

По сето искуство Естефан истакна дека не сака да биде нарекувана „жртва“, туку „преживеана“.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....