7.8 C
Скопје
08:28 - 18 април, 2024

РАЗГОВОР Вики Димчевска и Бранко Дудуковски: Малешевска Аронија e дефиниција за 100% органски планински хедонизам

Разговараме со Вики Димчевска, промоторка и менаџерка на „Малешевска аронија“ и со господинот Бранко Дудуковски, основоположник на брендот. Димчевска е успешна, амбициозна, урбана млада жена од Скопје, амбасадорка за човекови права и хуманитарни активности во Р.С.Македонија (прогласена од Новинари за човекови права и Британска Амбасада), менаџерка за маркетинг , продажба и презентација во градежниот сектор и промоторка на 100% органски производи во Р.С.Македонија. За тоа како успева сè да постигне на три одговорни работни позиции, вели дека прави план, нагласувајќи дека „менаџирањето е вештина која се учи, за постигнување на целите најбитно е човек да е духовно исполнет и да ја сака работата што ја работи“, а потоа додава: „давај го на светот она што сакаш да ти се врати“. Така го започнавме разговорот, со чаша полна сок од сто процентна органска малешевска, ладно ценедена аронија, или како што вели Вики, со „чаша полна среќа“.

Вики Димчевска, Бранко Дудуковски и сопругата Мирјана Дудуковска на плантажата која се простира на 70.000 квадратни метри

-Прв пат кога стапнав на таа волшебна плантажа од 70. 000м2 со прекрасна аронија и кога ја видов со своите очи таа волшебна природна убавина создадена со многу труд, максимална ангажираност и посветеност, љубов и вредно работење од вредните раце на господинот Бранко Дудуковски, сфатив дека прифаќањето на одговорноста е една од најтешките дисциплини, но без неа не можен да направиш никаков успех, ни рече Вики, запознавајќи нè со г-дин  Бранко Дудуковски, одговорен и вреден човек, 100 проценти посветен на неговата љубов, а тоа е неговата плантажа со малешевска аронија.

Инаку, Дудуковски е дип.металуршки инженер, студиите ги завршил со висок просек и веднаш се вработил во „Рудници и железарница“ во Скопје. По тригодишно работење во фабриката Железара како металуршки инженер, бил унапреден на раководно место во „Фени-Кавадарци“ на погон за рафинација на фероникел. По неговото успешно раководење на погонот, станал генерален директор на „Фени-Кавадарци“. По завшувањето на работната кариера во „Фени“, веќе со богато работно искуство, деловно заминал за Русија, а оттаму во Јужноафриканската Република. По враќањето од ЈАР, одлучил до го искористи потенцијалот и благодетот што го нуди малешевската почва погодна за садење аронија.

-Секој почеток во секоја нова работа е тежок. Моето потекло од Берово, љубовта кон Малешевијата, плодната почва и климатските услови беа мој предизвик да почнам со садење на аронија и лешник на плантажата со површина од 70 000 квадратни метри, ни објаснува г-дин Дудуковски.

Сезоната за берба на аронијата е во септември, а тајната на успешноста на високо квалитетните плодови, според Дудуковски, е во начинот на одгледување и обработка со цел да се произведе сто отсто органска здрава храна.

Го прашуваме Дудуковски зошто аронијата се смета за суперхрана, која веќе со години не се симнува од врвот на препорачливата листа на нутриционистите.

– Суперхрана е сè што внесуваме во нормални количини во нашиот организам, тоа е здравје. Аронијата спаѓа во суперхрана бидејќи поволно влијае врз здравјето, а тоа се должи на високата содржина на антиоксиданти, присуството на полифенолни соединенија, процијадините, антоцијаните, флавонолите, катехините, танини и деривати на хидроксициментните киселини. Превентивно делува заштитно од артриосклероза, навалување на притисок, канцер, против неврогенеративните болести, заштита од УВ зраците, очните болести, регулирање на шеќерот кај дијабети…

Инаку, оваа аронија се употребува директно како 100 проценти чист сок од 75 до 100 мл, после оброк.

– Аронијата се користи како храна и напиток. 100 проценти органска ладно цедена малешевска аронија се конзумира од 50 до 100 мл дневна доза после оброк. Сушената аронија пак, се става во смути. Свежата аронија се конзумира 30 до 40 зрна дневно, вели Дудуковски.

Малешевската аронија се пласира во сранство поради врвниот квалитет, а има германски CERES сертификат за 100 проценти органски квалитет. Кај нас пак, може да се најде во големите маркети. Плановите за иднината, г-дин Дудуковски ги препушта на промоторката и менаџерка на нивните органски производи, Вики Димчевска.

 

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

„Многу ми се налути“: Јелена Карлеуша откри дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ се расплака на концерт: Пејачката не можеше да ги запре солзите

Еспресо
Се вчитува....