22.8 C
Скопје
16:28 - 2 мај, 2024

Пронајдени посмртните останки на новинарот кој исчезна во Амазон, локацијата на злосторството ја признал еден од убијците

Пронајдени се посмртните останки на британскиот новинар кој исчезна во Амазон.
Дом Филипс исчезна пред десет дена заедно со бразилскиот активист Бруно Переира.

Десет дена по исчезнувањето на британскиот новинар Дом Филипс и бразилскиот активист Бруно Переира во Амазон, потврдени се најлошите стравови: еден од двајцата браќа осомничени за убиството на двајцата мажи призна дека ги закопал нивните тела и неколку „човечки останки“. биле пронајдени на местото на претрагата.

„Синоќа добивме признание од првиот од двајцата осомничени кој детално ни кажа како е извршено злосторството и каде се закопани телата“, изјави на прес-конференција шефот на федералната полиција на Манаус, Едуардо Александре Фонтес. Тој додаде  дека 41-годишниот рибар, Амарилдо да Коста де Оливеира, признал дека учествувал во злосторството, но не ја прецизирал неговата улога. „Истрагата ќе продолжи“, рече Фонтес. „И штом ќе успееме да потврдиме, преку форензика, дека остатоците од пронајдените тела им припаѓаат на Дом Филипс и Бруно Переира, ќе им ги вратиме на семејствата.

Сопруга на новинарот, бразилката Алесандра Сампајо, преку соопштение им се заблагодари на „сите тимови кои го спроведоа истражувањето, особено на локалните волонтери“. „Иако сè уште чекаме конечна потврда, овој трагичен резултат става крај на маката од неизвесноста  каде се Дом и Бруно. Сега можеме да ги однесеме дома и да се збогуваме со нив“, додаде таа.

Британскиот новинар и експертот – бразилски научник последен пат беа видени на 5 јуни за време на експедиција во областа Вале дел Јавари. Овој регион, блиску до границата со Перу и Колумбија, е познат како многу опасен, со широко распространета трговија со дрога, риболов и нелегално „перење“ злато. Последниве години таа територија стана стратешка оска за бандите шверцери на дрога кои по реката транспортираат кокаин или канабис произведен во соседните земји.

Автор на десетици извештаи за Амазон, Дом Филипс (57), живеел во Бразил 15 години и решил повторно да го посети регионот за да го заврши своето истражување насочено кон пишување книга посветена на зачувување на животната средина. Бруно Переира (41), познат експерт и бранител на правата на домородните народи, работеше долги години во бразилската владина агенција за домородни прашања (Фунаи) и беше експерт во тие области. Тој беше одговорен за огранокот Фунаи во Аталаја до Норте (северо-запад), каде што двајцата мажи требаше да се вратат со брод пред да исчезнат. Переира, татко на три деца, постојано известуваше дека му се заканувале диви дрвосечачи, рудари и рибари кои се обидувале да ја нападнат земјата заштитена со државните закони.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....