21:49 - 8 ноември, 2026

Принцот Хари му предложил на својот татко да донесат уште едно лице на состанокот: Камила го исплукала чајот од шок

Кралицата Камила, наводно, го исплукала чајот во шок кога принцот Хари ја изнел идејата да ангажира посредник за да ги смирува тензиите на семејниот состанок, пренесува Мирор.

Неколку недели пред смртта на кралицата, војводата и војвотката од Сасекс застанаа во Британија на пат кон Хаг, каде што се упатија да присуствуваат на Игрите Invictus.

Чарлс инсистирал да се сретнат со Хари и Меган, а тие наводно доцнеле на состанокот, па на Чарлс му останале само 15 минути да разговара со нив.

Иако се наведува дека таткото и синот „срдечно се поздравиле“, извори тврдат дека атмосферата била напната.

Камила, која сега е кралица сопруга, наводно била запрепастена кога принцот предложил непристрасна трета страна да биде таму за да го одржува мирот.

„Тој всушност предложи да користат посредник за да се обидат да ги решат работите, што малку го збуни Чарлс, а Камила го исплука чајот и му рече на Хари дека тоа е смешно и дека тие се семејство и сами ќе го решат тоа.“

Принцот Хари наскоро планира да ги објави своите мемоари, а сите во палатата наводно се многу загрижени поради тоа. Војводата од Сасекс потпишал договор за четири книги.

По објавувањето на книгата, нема да има враќање назад за принцот Хари, според кралскиот автор Роберт Џобсон.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....