14.8 C
Скопје
23:09 - 27 септември, 2026

Пријател на Метју Пери ја открива вистината: „Ги лажеше сите, никогаш не бил чист“

Пред нешто повеќе од еден месец се случи неочекуваната смрт на актерот од популарната тв серија „Пријатели“, Метју Пери. Неговиот извештај од обдукцијата излезе во петокот, во кој беше откриено дека актерот кој го глумеше Чендлер Бинг починал поради „акутни ефекти на кетаминот“.

И покрај неговата славна кариера како филмски и ТВ актер, Пери отворено зборуваше за неговата борба со зависноста во минатото.

Но, еден негов многу близок пријател во интервју за „Дејли Меил“ изјави дека „неговата врска со наркотици никогаш не завршила“.

Пријателот не сакал да биде откриен неговиот идентит, но изјавил:

„Тој ги лажеше сите дека е чист. Никогаш не бил. Тоа е многу тажно. Најголемата лага што ја кажа веројатно си ја кажа самиот себеси“.

Тој истакна дека Пери понекогаш знаел да биде „прилично манипулативна личност кога станува збор за неговите борби со наркотиците, тоа беше борба, битка и тој се бореше секој ден до самиот крај“.

Аутопсијата откри дека Метју Пери имал високи дози на кетамин во неговото тело и дека неговата смрт била предизвикана од „акутните ефекти“ на лекот и респираторен дистрес, но „нивото во телото на кетамин е слично на нивото на пациент примен во болница и подложен на тотална анестезија“.

Потсетуваме дека во изјавата од обдукцијата се наведува дека „со високите нивоа на кетамин пронајдени во неговите постмортални примероци на крв, главните смртоносни ефекти биле и од кардиоваскуларна прекумерна стимулација и од респираторна депресија“.

Ова може да докаже дека актерот не бил чист ниту трезен ниту изминатите 18 месеци, како што тврдеше во октомври 2022 година кога излезе неговата книга-мемоари.

Актерот од „Пријатели“ тогаш изјави дека потрошил приближно 9 милиони долари обидувајќи се да се справи со својата зависност од алкохол, посетувајќи до 6.000 состаноци на анонимни алкохоличари. Пред две години тој тврдеше дека конечно се излечил од зависностите (дрога и алкохол) и дека неговиот живот сега е поздрав.

Не е само кетаминот, туку микс од лекови: „Метју Пери ги живееше последните денови со комбинација на супстанции“

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....