03:22 - 8 ноември, 2026

Не е само кетаминот, туку микс од лекови: „Метју Пери ги живееше последните денови со комбинација на супстанции“

Метју Пери остави многу прашања во врска со причината за смртта, меѓутоа, по извештајот за токсикологија, беа откриени многу одговори, вклучително и смртоносната комбинација на кетамин и бупренорфин.

Заедно со кетамин и бупренорфин, актерот од хит серијата „Пријатели“ конзумирал тамоксифен за слабеење, антидијабетични лекови и никотински лижавчиња, а во извештајот, исто така, беше објавено дека бил под третман со тестостерон.

Според Page Six, една пријателка блиска на Пери изјавила дека последните недели од животот ги поминал „лут и злобен“ откако земал тестостерон.

Како дел од истрагата што била спроведена по неговата смрт, медицинскиот извештај ги забележал сите супстанции што се наоѓале во куќата, вклучително и во спалната соба на неговиот помошник.

„Во спалната соба на помошникот имало повеќе отворени, празни, полупразни шишенца со лекови кои му биле препишани на сега починатиот, како и лекови без рецепт, витамини, суплименти за варење на храната и садови полни со повеќе различни апчиња за релаксација, таблети и бонбони“, се вели во извештајот.

Во меѓувреме, д-р Банколе Џонсон разговараше со Page Six и тврди дека „Поверојатно е дека станува збор за рекреативна употреба на кетамин, би било сомнително лекот кетамин да му се препише на некој што користи бупренорфин – вистински рецепт за катастрофа“.

Иако токсиколошкиот извештај покажа дека во организмот му е најдено поголема дозна на кетамин, Метју зборуваше во неговите мемоари од 2022 година дека лошо му влијаел кетаминот. „Да се земе К е како да те удираат во глава со огромна среќна лопата. Но, мамурлакот беше груб и ја надмина лопата” пишува во мемоарите и додаде „кетаминот не беше за мене”.

Метју Пери објасни како се чувствува за кетаминот во своите мемоари: „Кетаминот не беше за мене“

 

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....