06:29 - 10 ноември, 2026

ПОЧИНАЛА НА ОПЕРАЦИЈА ЗА КОРЕКЦИЈА НА НОС

Руската старлета и инфлуенсерка зад себе ги остави сопругот и синот

Руската старлета и позната инфлуенсерка Марина Лебедева почина на операционата маса откако сакаше да го промени изгледот на носот, и затоа беше подложена на реконструктивна операција на клиниката Артибеа во Санкт Петербург, пренесува The Sun.

Како што е наведено, оваа операција чинела дури 4.700 евра, а оваа триесет и едногодишна жена починала од несаканиот ефект на анестезијата.

Имено, температурата на телото одеднаш почнала да опаѓа, а докторите, и покрај напорите, не успеале да ја спасат. Според понатамошното пишување, тие повикале и брза помош бидејќи биле приватна клиника и немале доволно стручен кадар, но брзата помош само да ја констатирала смртта.

The Sun понатаму известува дека е започната истрага против приватната клиника, а на тоа инсистирал сопругот на Марина, кој трагичната вест ја дознал кога се вратил од службено патување. Марина зад себе остави и син за кого ќе се грижи неговиот татко.

– Лекарите се во шок, ова се случува еднаш во милион случаи – рекол неименуван извор од руската клиника, пренесува споменатиот медиум.

Директорот на оваа институција, д -р Александар Ефремов, изјавил дека пациентката била подложена на тестови пред операцијата.

– Верувам дека некој генетски проблем доведе до нејзината смрт, но тоа ќе се испита по форензичката анализа. Операцијата беше изведена според вообичаените стандарди. Фотографиите од несреќната девојка можете да ги разгледате на порталот кој ја пренесува и веста The Sun.,

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....