23.8 C
Скопје
15:06 - 19 октомври, 2026

Почина писателот Дејвид Мекалоу, двократен добитник на Пулицерова награда

Американскиот писател, наратор, историчар и добитник на Пулицерова награда Дејвид Мекалоу почина на 89-годишна возраст.

Мекалоу почина во неделата во Хингам, Масачусетс, соопшти неговиот издавач, „Сајмон и Шустер“, пренесува АП.

„Дејвид Мекалоу беше национално богатство. Неговите книги ја оживеаја историјата за милиони читатели. Преку неговите биографии, тој драматично ги илустрираше најсветлите делови на американскиот карактер“, рече Џонатан Карп, извршен директор на издавачката куќа „Сајмон и Шустер“, во изјавата.

Мекалоу е двократен добитник на Пулицеровата награда, како и на Националната награда за литература, а го доби и Претседателскиот медал на слободата, највисоката цивилна награда во Америка.

Неговите две книги наградени со Пулицерова награда – „Труман“ и „Џон Адамс“ – се адаптирани во ТВ филм и мини-серија и достапни на мрежата ХБО.

 

Слични објави

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.
Се вчитува....