25.1 C
Скопје
20:14 - 10 јули, 2026

Кој е Таика Ваитити, сопругот на Рита Ора: 5 интересни работи за режисерот и комичар

Пејачката Рита Ора се омажи, но кој е избраникот на нејзиното срце?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taika Waititi (@taikawaititi)

Стана познат за пошироката јавност благодарение на Рита

Таика Ваитити (46) е познат по тоа што често снима револуционерни филмови зад камерите, но дури пред една година влезе во центарот на вниманието кога почна да излегува со Рита Ора (31). Режисерот сега е во брак со пејачката, откако неодамна си дадоа речиси „истовремени“ запросувања, а потоа одржаа интимна (и тајна) венчална церемонија во Лондон. На церемонијата присуствувале само наблиски членови на семејствата и неколку пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taika Waititi (@taikawaititi)

Режисер ама и глумец

Таика, по потекло е од Нов Зеланд, а ја започнал својата кариера кон крајот на 1990-тите и продолжил да се развива и да глуми во различни филмови, телевизиски серии и кратки филмови.

Некои од неговите најпопуларни филмови во кои се потпишува како режисер се „Boy“, „Thor: Ragnarok“ и „Thor: Love and Thunder“.

Добитник на престижни награди

Како актер пак, тој најчесто глуми во своите филмови, но и во филмови на други режисери како „Suicide Squad“ и „Free Boy“.

Таика има освоено бројни вредни награди како Оскар, наградата БАФТА, па дури и награда Греми за филмски саундтрак. Исто така е номиниран за многу други награди во текот на годините, вклучувајќи ги и Primetime Emmy Awards.

Имал претходен брак, татко е на две деца

Таика беше во брак со филмската продуцентка Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година и заедно имаат две ќерки. Понекогаш постира објави од децата на својот Инстаграм профил. Тие пак, имаат многу необични имиња Te Хинехаку (10) и Maтева Киритапу (6 години).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taika Waititi (@taikawaititi)

Таика често споделува слатки фотографии со Рита на социјалните мрежи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taika Waititi (@taikawaititi)

Во описот на оваа фотографија, на пример, на која се гледа како стојат рамо до рамо потпирајќи се на ѕид, тој призна дека со Рита се запознале во 2018 година и станале пријатели некое време пред да одлучат да излезат заедно во 2021 година.

„Фотографија од ноќта кога се запознавме со пред четири години. Оттогаш сме пријатели. Потоа пред една година решивме да ги „икомплицираме“ работите но ни стана полесно. Среќен Ден на вљубените на мојата најдобра пријателка Рита Ора“, стои во описот на фотографијата.

Слични објави

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ на одмор со синот Јавуз: Во костим за капење и без шминка ги воодушеви следбениците

Еспресо

(Фото) Маја Николиќ воодушевена од несекојдневна глетка на Халкидики: „Ова во животот не сум го видела“

Еспресо

Јелена Карлеуша откри низ каква криза финансиска поминувала и јавно му се заблагодари на Жељко Митровиќ: „Ми подаде рака кога ми беше најтешко“

Еспресо
Се вчитува....