11:44 - 29 ноември, 2026

Почесен Оскар за Мајкл Џеј Фокс – страшната дијагноза ја претвори во храбра мисија

„Стојам овде понизно прифаќајќи ја вашата добрина“, рече канадскиот актер Мајкл Џеј Фокс на сцената, каде што имаше голем број ѕвезди, меѓу кои Том Хенкс и Џенифер Лоренс.

Актерот, кој ја воодушеви публиката во ТВ комедијата „Семејни врски“ од 1980-тите, како и во филмовите „Враќање во иднината“, доби почесен Оскар за неговата работа во собирањето 1,5 милијарди долари за истражување на Паркинсоновата болест.

Канадскиот актер, кој сега има 61 година, ја доби хуманитарната награда Џин Хершолт од бордот на директори на Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува Оскарите, а го најави неговиот пријател Вуди Харелсон.

На Фокс му била дијагностицирана Паркинсонова болест, нарушување на нервниот систем што предизвикува тремор и други симптоми, кога имал 29 години. Подоцна се повлече од актерството и ја основа Фондацијата Мајкл Џеј Фокс за истражување на Паркинсон во 2000 година за да помогне во финансирањето на потрагата по лек.

Фокс рече дека најтешкиот дел од неговата дијагноза е „борењето со несигурноста“ и дека со години ја чувал својата дијагноза во тајност.

„Страшната дијагноза ја претвори во храбра мисија“, изјави актерот.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....