17.8 C
Скопје
18:53 - 18 октомври, 2026

По ШОКАНТНОТО ИНТЕРВЈУ НА БЕЛА ХАДИД, БЕШЕ НАПАДНАТА НЕЈЗИНАТА МАЈКА како главен виновник: „Има посебно место за неа во пеколот“

Интервјуто што Бела Хадид го даде за „Vogue“ го шокираше светот, а по неговото објавување беше нападната нејзината мајка бидејќи многумина сметаат дека таа е главен виновник за она низ што поминала манекенката.

Поранешната манекенка, 58-годишната Јоланда Хадид, денес позната како мајка на супермоделите Бела и Џиџи Хадид, се најде под лупа на јавноста откако нејзината помлада ќерка Бела во интервју за „Vogue“ откри дека го оперирала носот на 14 години. Бела кажа дека се кае за тоа што го направила, а корисниците на социјалните мрежи веруваат дека на тоа ја принудила нејзината мајка.

Инстаграм

„Никому на 14 години не му паѓа на памет да прави пластична операција освен ако некој не му го повторува тоа многупати за да стане несигурен“, напиша еден корисник на Твитер, а други додадоа: „Во што се обложувате дека Јоланда е виновникот што Бела се чувствувала лошо поради нејзиниот нос?“, „На 14 години си премногу млад за да го оперираш носот… Јоланда никогаш не требало да има деца!“, „Бела Хадид го оперирала носот на 14 години??? Има посебно место во пеколот за Јоланда!“

Инаку, Јоланда Хадид, која исто така своевремено беше супермодел, е позната како личност што е брутално искрена кон своите ќерки кога е во прашање успехот во модната индустрија. Ова не е првпат таа да се најде под лупа на јавноста поради нејзиното воспитување.

Нешто слично се случи и во 2019 година, кога еден магазин објави фотографии од Бела и Џиџи за време на нивното појавување во реалното шоу „The Real Housewives“, во кое учествуваше Јоланда. Тогаш Јоланда беше исмејувана затоа што ги советуваше ќерките да држат диета, а на Џиџи и забрани да игра одбојка со изговор дека спортот ќе ја направи „огромна“.

Бела Хадид КОНЕЧНО ГО ПОТВРДИ ОНА ШТО СЕ ШПЕКУЛИРА СО ГОДИНИ и шокираше со признанието: „Бев погрдата сестра“

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....