14.8 C
Скопје
09:39 - 28 септември, 2026

Оваа руска глумица му била љубов на Милош Биковиќ: Денес ТАА ПАТИ поради воениот конфликт!

Српскиот актер Милош Биковиќ бил во голема љубов со Русинката Аглаја, инаку негова колешка со која се запознале на снимањето на филмот „Мраз“ (Лед).

Своевремено кога Аглаја одговарала на прашањата како ја освоил Милош, таа одговорила „ Тој е Србин и со тоа се е кажано! А мене отсекогаш ме привлекувале хулигани, баш такви, со итар сјај во очите“.

принтскрин инстаграм

За руските медиуми пак, таа раскажала дека откако врската станала сериозна морала да го претстави Милош на нејзината мајка.

– Милош и јас долго бевме во врска и во еден момент беше логично на мајка ми да ѝ го претставам дечкото. Тој и јас разговаравме и смислувавме како е најдобро тоа да го изведеме. Никако не успевавме да зграпчиме добра прилика за тоа нивно запознавање. По игра на субината, Милош баш во тоа време доби улога за филм, а во истиот филм глумеше и мојата мајка Ксенија Рапапорт – раскажала убавата глумица руските медиуми и продолжила – Се шокирав кога Милош ми кажа дека од сите глумци во филмот, мајка ми ја глуми неговата љубовница и дека ќе имаат и една жешка сцена!

Иако нивната врска одамна завршила Аглаја и Милош останале во добри односи. А тоа низ што поминува сега земјата на неговата поранешна девојка, но и земјата во која веќе тој стана голема филмска ѕвезда, сигурно многу го трогнува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aglaya Tarasova (@aglayatarasova)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aglaya Tarasova (@aglayatarasova)

Имено, со конфликтот меѓу Русија и Украина, освен украинскиот пати и рускиот народ. Аглаја тоа го искажала неодамна на необичен начин – откако е започната војната, таа на социјалните мрежи објавува само црно бели фотографии, пишува порталот „свет-скандал“.

Милош пак деновиве е актуелен како ѕвезда на новиот филм „Сакам маж“, но и по изјавите дадени на неодамнешното интервју дека војната на Русија против Украина не само вооружан туку и информативен конфликт и дека културата и уметноста се единствени кои можат да го поврзат целиот свет.

Слични објави

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо
Се вчитува....