07:02 - 11 јули, 2026

Оваа жена ѝ даде мотивација на Ана Костадиновска да продолжи по тешкиот период

По тешкиот период за пејачката Ана Костадинвоска и загубата на многу блиски, оваа наша пејачка ѝ даде мотивација да продолжи со крената глава.

Костадиновска пееше придружни вокали долги години за „ДНК“ како и нејзината другарака Сара Пројковска која загина во пожарот на 16 март, заедно со 63 млади луѓе, и поголемиот дел од групата „ДНК“, меѓу кои и Владимир Блажев-Панчо и Андреј Ѓорѓиески.

Ана Костадиновска е самохрана мајка. Нејзиниот сопруг Бобан почина од канцер за само неколку месеци откако му бил дијагностициран, во 2022 година. Таа продолжува професионално да настапува и да предваа пеење, и да се грижи посветено за својата ќерка.

Во јули во 2023 година, животот на Ана ѝ зададе уште еден удар. Почина нејзиниот татко, легендарниот композитор Кире Костов. Ана често знае да се сети на него со познатата песна „Кога те нема“ од Хелена Благне која тој ја компонираше.

Денес е роденден на Ана, и покрај многуте пријатели и блиските кои ѝ даваа сила и поддршка да продолжи е и Бојана Скендеоровски. Со објава на Фејсбук, Бојана ѝ го честитала роденденот на Ана со зборовите:

-Постојат жени, и постои и Ана Костадиновска.Ја заслужуваш сета среќа на светот, среќен роденден!“, напишала Бојана.
Бојана Фото/ Фејсбук

.

 

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо
Се вчитува....