15.4 C
Скопје
18:58 - 19 октомври, 2026

Ова видео зборува многу за делата на Панчо и на Сара Пројковка пред да загине во Кочани

Емотивно видео кое зборува многу за Сара Пројковска, придружниот вокал на ДНК и професорка по пијано, се врати на социјалните мрежи, а во него е Владимир Блажев- Панчо.

Токму Панчо од ДНК, кој е уште на болничко лекување по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март беше многу близок пријател со Сара Пројковска, која го загуби животот во пожарот.

За Сара на социјалните мрежи се пишуваше дека била одличен пријател, пожртвувана мајка на две деца и многу успешен и посветен уметник и профсор. Видеото е направено на 16 октомври во 2024 година, во чест на Тоше Проески, на денот кога Тоше го загуби животот во 2007 година.

Сара и Панчо ја пеат песната „Немир“ која своевремено ја испеајаа Каролина и Тоше во дует. Иако видеото е старо речиси една година, луѓето уште коментираат за оваа изведба која зборува за добрината и хуманоста на Панчо, и ангелскиот глас и добрината на Сара Пројковска.

„17 години не е помеѓу нас, а неговото отсуство секојдневно е се поприсутно, Тоше Проески. 🕊️
ПС: Нешто спонтано од архива со нашата Сара Пројковска која е наш незаменлив пратечки вокал, и е со нас од самите почетоци.
Ова е после настап, на пат кон дома, иако изморени, доста често вака се забавуваме и се потсетуваме на неговите ремек дела“, стои во објавата до видеото. 
Сара Пројковска и Панчо Фото/Фејсбук

Слични објави

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо
Се вчитува....