02:48 - 8 ноември, 2026

Ова момче го нарече Наум Петрески тате, така го викаше и Андреј од ДНК…

Ова момче го нарече Наум Петрески тате, додека опуштено седеа во ресторан и мезеа салата со ракија.

Станува збор за пејачот Огнен Здравковски кој ја објави оваа слика. „На здравје, слатко да ви е, во благодариме што нѐ развеселувате со своите песни“, се дел од коментарите под оваа слика.

Инаку, тате Наум го викаше и Андреј Ѓорѓиески од дупто ДНК кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Андреј и Наум беа многу блиски, како семејство.

Фото/ Фејсбук

Инаку песната „Не кажувај либе добра ноќ“ сега е спакувана во ново руво. По незаборавните изведби на Петранка Костадинова, Васка Илиева, Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчевски, браќата Тавитјан и Нина Бадриќ…

Оваа безвременска песна повторно ќе го допре срцето на публиката, сега преку гласот на Огнен Здравковски – еден од наследниците на лозата на авторот Наско Џорлев.

„Не кажувај либе добра ноќ” со музика и текст на Наско Џорлев, е еден од симболите на македонската музичка душа.

„Од сите песни што ги има напишано дедо ми – „Не кажувај либе добра ноќ”,„Фато мори душманке”, „Во Струмица на улица”, „Кажи ле облаче бело”… –  токму  „Не кажувај либе добра ноќ” ми е најблиска и чест ми е што за неа е направена верзија која ја пеам јас“, рече Огнен Здравковски.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....