28.8 C
Скопје
12:02 - 9 септември, 2026

ОДГОВОРЕНО: Зошто останувате во врска во која не сте среќни?

Ретко кој умее веднаш да препознае дека некоја врска не е добра или квалитетна. Повеќето од нас заглавуваме во односи и ни треба време да собереме сила или храброст за да напуштиме лоша врска. Ова се можните пречки за ваквото однесување.

Не сте искрени со себе

Можно е да не одговорите на вашите потреби и да негирате дека нешто не е во ред со вашата врска или дека можеби сакате нешто друго. Не сте подготвени да ја прифатите вашата автентична природа, па се согласувате на врска која е просечна и во најдобар случај несреќна.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Убавите жени се опасни по машкото здравје

Верувате дека можете да промените друга личност

Мислите дека можете да го промените партнерот и да го обликувате според вашите желби. Не ги гледате недостатоците на партнерот и неговото минато, туку сте фокусирани на фантазијата каква што може да биде.

Не се чувствувате доволно добро

Вие мислите дека не заслужувате среќа. Се чувствувате како никој да не ве разбира и дека сте сами на овој свет. Затоа, не мислите дека сте достојни за среќа, ниту дека би можеле да ја напуштите врската.

(ВИДЕО) КАКОВ ЧОВЕК: Запросувањето го планирал шест месеци, а го упропастил во секунда

Не сте независни

Само затоа што не сте такви, не значи дека не можете физички да се грижите за себе. Но, мислите дека не можете да живеете без партнер. Имате чувство дека едноставно ќе умрете ако останете сами, па дури и ако не сте задоволни со врската, мислите дека е подобро отколку да бидете сингл.

Се плашите дека ќе бидете отфрлени

Важно е да ги разберете причините и вашите модели во односите, бидејќи така полесно ќе се справите со нив и ќе ги решите. Откако ќе го направите тоа, ќе имате доволно храброст да ги напуштите сите врски кои ве повредуваат и прават да се чувствувате лошо. Ако не знаете од каде да започнете и од каде доаѓа вашето однесување, побарајте стручна помош за да ви помогне да се запознаете себеси и да создадете врски што ве исполнуваат.

ЖЕНИТЕ ОТКРИВААТ: Најдобрите начини да преболете раскинување

извор: Aktivni Si

Слични објави

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо
Се вчитува....