13:38 - 17 јули, 2026

ИСТРАЖУВАЊЕ: Убавите жени се опасни по машкото здравје

жена убава

Истражување, спроведено на Универзитетот во Валенсија наведува дека само пет минути во друштво на убава жена го зголемиле нивото на кортизол и хормоните на стрес кај мажите.

Наводно, овој ефект се засилувал доколку во друштво на мажот била жена кој е „надвор од нивната лига“.

Хормонот кортизол го произведува надбубрежната жлезда во моменти кога човекот е под физички или психички стрес и е доведен во директна врска со срцето и многу други болести.

ПОСТОЈАТ 8 ВИДОВИ НА ЖЕНСКИ ОРГАЗАМ: Инструкции како да ги доживеете

Истражувачите анкетирале 84 студенти со решавање на судоку загатка, поединечно и во посебни простории. Во собата биле двајца непознати, маж и физички привлечна жена.

Моментот кога жената ја напуштила собата и двајца мажи останале да седат заедно, нивото на хормонот на стрес кај испитаниците не се зголемило. Меѓутоа, доколку субјектот останал сам со жената во собата, неговото ниво на кортизол се зголемувало.

„Во ова истражување тргнавме од претпоставката дека повеќето мажи, во друштво на убава жена, се чувствуваат како ова да е идеална можност за додворување. И додека некои мажи ќе ги избегнуваат убавите жени врз основа на верувањето дека се „надвор од нивната лига“, повеќето мажи всушност ќе имаат одредена хормонална реакција“, објаснува истражувањето.

ОДГОВОРЕНО: Како да излечите скршено срце

Истражувањето покажа дека нивото на кортизол кај мажите се зголемува по само пет минути краток социјален контакт со млада, привлечна жена.

Кортизолот во мали дози може да има позитивно дејство, но хронично покачениот кортизол влошува одредени здравствени состојби, како што се срцеви заболувања, дијабетес, хипертензија и импотенција, пренесува „CDM“.

Слични објави

Клуб масите од орев и епоксидна смола на Wood Room – детали што го претвораат домот во уметничко дело

Еспресо

(Фото) Северина не ја крие среќата — со емотивна објава покажа како ужива на море со синот

Еспресо

Нивес Целзиус се отвори за љубовниот живот: Поради ова бирам да бидам сама

Еспресо

(Фото) Новите фотографии од Бали-бег од плажа ги изненадија обожавателите: „Дали е можно да е тој?!“

Еспресо

Бранко Ѓуриќ Ѓуро е бесен поради ЕЕС-системот: Која е целта на ова малтретирање?

Т.Ц.

За кого навиваше водителката Сања Савеска на Светското првенство?

Еспресо
Се вчитува....