27.8 C
Скопје
14:05 - 31 мај, 2026

Никола Пелц открива што навистина се случило со несудената венчаница од Викторија Бекам: „Мислев дека ќе биде прекрасно, но нешто тргна наопаку“

Никола Пелц во новото интервју за американското списание „Грациа“ ги коментираше гласините за конфликтот со нејзината свекрва Викторија Бекам. Веќе со недели во печатот се зборува за претпоставката дека кавгата настанала поради тоа што Никола не носела венчаница на Викторија Бекам, туку избрала фустан на Валентино.

Никола реши да појасни и изјави дека овие изјави не се целосно точни – сакала да облече венчаница дизајнирана од Викторија, но креативниот процес не одел според планот.

– Планирав да облечам венчаницата на Викторија и бев навистина возбудена што ќе можам да носам креација што ја дизајнираше мојата идна свекрва. Мислев дека е прекрасно, дека ќе биде убава приказна, вели Никола.

Блискиот пријател на Никола, стилистот Лесли Фремар и мајката Клаудија исто така биле вклучени во дизајнот на фустанот, а Никола мислела дека работата со овој „дизајнерски тим од соништата“ ќе биде „толку забавна“. Но, сепак, нешто тргнало наопаку.

– Стапивме во контакт за да почнеме да работиме на венчаницата, а потоа поминаа неколку дена и не се слушнав со неа. Тогаш Викторија ѝ се јави на мајка ми и ѝ рече дека нејзиното ателје нема да може да ја направи оваа нарачка. Кoга тоа го дознав си реков: „Па, за жал, не успеа, па што да правам следно?“. Долго време сум обожавателка на Валентино, и отидов во ателјето на Валентино – искрена е Никола.

Опишувајќи ги Викторија и Дејвид како „одлични свекор и свeкрва“, Никола понатаму признава дека ја боли кога ги гледа написите во медиумите дека таа „никогаш не планирала“ да го носи брендот на нејзината свекрва.

– Ги повредува моите чувства. Боли кога знаеш дека луѓето веруваат во тоа, но тоа едноставно не е вистина, продолжува Никола.

На интервјуто присуствувал и нејзиниот сопруг, Бруклин Бекам, кој ја поддржал сопругата.

– Да бидам искрен, мојата сопруга очигледно ми е главен приоритет и не сакам да ја гледам вознемирена – изјави синот на Викторија Бекам за „Грациа“.

Слични објави

Неда Украден сака да учествува на Евровизија: „Сакам добра песна, а не да ја испеам еднаш и никогаш повеќе“

Еспресо

„Има малку повеќе од 26 години“: Дара Бубамара отворено за врската со помлад дечко, спомена и свадба

Еспресо

Трик против муви со кеса полна со вода – Успева или не?

Т.Ц.

„Не ја изневерував“: Фудбалерот Рубен Дијаш се огласи за раскинувањето со британската водителка

Т.Ц.

Хороскоп за 31 мај: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Еспресо

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо
Се вчитува....