19:35 - 1 мај, 2026

На Јелена Томашевиќ ѝ се слошило на концерт: Пејачката само клекнала на колена!

Концертот на Јелена Томашевиќ во Домот на културата во Бар синоќа беше прекинат откако на пејачката ѝ се слошило за време на настапот.

Популарната пејачка отпеала само една песна пред преполната сала, а за време на изведбата на втората нумера концертот бил прекинат. Според присутните, Јелена ненадејно клекнала на колена на сцената, по што членовите на нејзиниот бенд ѝ помогнале да ја напушти бината.

Од локалните медиуми е потврдено дека таа била пренесена во Итната медицинска помош, а потоа и во болница за понатамошни прегледи.

Публиката била известена дека поради здравствената состојба на пејачката концертот се прекинува.

Настапот беше организиран по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, како подарок од Општина Бар за дамите, со концерт на една од најпрепознатливите регионални музички ѕвезди, која веќе две децении ја освојува публиката со своите интерпретации.

Слични објави

Мери Цетиниќ сподели непознати детали за почетокот на кариерата: Утрото пред настапот морав на Ургентно

Т.Ц.

(Фото) Следи го сонот: Каролина Гочева со лична приказна за Мексико

Еспресо

Нема да ја препознаете! Ќерката на Миле Китиќ со мали усни и сосема поинаков изглед на почетокот на кариерата

Еспресо

Цветната Месечина што ќе блесне вечерва носи големи пресврти – што му подготвува на секој хороскопски знак?

Т.Ц.

Сузана Манчиќ искрено: „Мажите секогаш ја уништуваат кариерата“

Еспресо

„Си барав причина за да пијам, одев во екстреми“: Таско за проблемот со алкохолот

Еспресо
Се вчитува....