24.8 C
Скопје
13:56 - 13 август, 2022

Сите знаат дека постојат, но речиси никој ги нема посетено: Во овие места е забрането да се влезе

Во Мормонската пештера мормонската црква го чува најважното богатство, како и историски документи од својата историја, а што сѐ може да се најде внатре навистина е тешко да се претпостави.

Кога и да слушнеме дека нешто е забрането, веднаш се јавува потреба да видиме што е тоа, но во светот постојат многу мистериозни места во кои веројатно никогаш нема да можеме да дознаеме што точно се наоѓа.

Во продолжение ви пренесуваме неколку такви:

Соба 39 (Северна Кореја)

Зарем мислевте дека е возможно да зборуваме за мистериозни места без да биде вклучена Северна Кореја? Соба 39 е име на севернокорејска организација која постои уште од 1970 година, а се смета дека таму се вршат „валканите“ работи за власта. Се верува дека во нејзиното седиште се менуваат девизи и се продава оружје, а ако по некоја случајност тоа го видите со свои очи, или ќе почнете да се занимавате со нешто нелегално, или веројатно тоа ќе биде последното нешто што сте го виделе.

Вајт џентлменс клуб

Ова е најексклузивниот клуб во Англија основан во далечната 1693 година. Клубот, меѓу другото, станал славен и по книга во која се опишуваат обложувања кои се одвивале таму, но не обични, туку навистина бизарни. Така, на пример, во книгата е опишан облог во износ од три илјади фунти за капка дожд, а требало да се погоди која капка најбрзо ќе падне од прозорецот! Во овој клуб влезот на жените им е строго забранет, а ако сакате да станете дел од клубот, тогаш треба да бидете повикани од најмалку три актуелни членови.

Метро 2

Тајната линија Метро 2 се наоѓа на 200 метра под прометните улици на Москва. Тунелот (метрото) е изграден за време на Сталин, а го поврзува Кремљ со останатите важни точки во градот, како што е на пример аеродромот. До тунелот, а со самото тоа и до метрото, може да се дојде единствено со посебна дозвола која ја издава власта.

Мормонска „пештера“

Оваа пештера се наоѓа во близина на Солт Лејк Сити, во внатрешноста на планината Гранит, на длабочина од 180 метри. До влезот на пештерата речиси е невозможно да се стигне, а ако и воопшто стигнете до таму, во однос на тоа дека ја чуваат луѓе со оружје, многу малку е веројатно дека ќе влезете. Овде мормонската црква го чува најважното богатство, како и историски документи од својата историја, а што сѐ може да се најде внатре навистина е тешко да се претпостави.

Тајните архиви на Ватикан

Само папата и уште неколку луѓе блиски до него можат да влезат во тајните ватикански архиви. Тие се долги дури 84 километри, а содржат милиони и милиони документи. Некои од нив се стари и до 1.200 години, така што ако некој влезе во овие архиви, има шанси да дознае голем дел од историјата на црквата на еден сосема поинаков начин.

Клуб 33

Клуб 33, или како што му е целосното име Дизниленд клуб 33, всушност бил направен за највлијателните бизнисмени, славни личности и политичари. По отворањето, 33 членови на најмоќните светски компании имале пристап во него, па оттаму доаѓа и името Клуб 33, а за денеска да влезете таму потребно е да платите 30.000 долари и да чекате одобрение за влез речиси 15 години!

Слични објави

Цеца го откажа концертот во Црна Гора: „Единаесет човечки животи неповратно згаснаа за неколку минути“

Еспресо

Лоша здравствена состојба на Салман Ружди: „најверојатно ќе го изгуби окото, нервите на раката му се отсечени, а црниот дроб е погоден и оштетен“

Еспресо

Попоски предупредува на голема претпазливост – ИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, еве кога (и во Скопје)

Еспресо

Лекарите открија зошто умираат вакцинираните лица кои се инфицираат со коронавирус

Еспресо

Случај Салман Ружди: Полиција пред домот на уапсениот во Њу Џерси; соседите вознемирени: „Во шок сме!“

Еспресо

Која беше Ен Хеч: „Слушам гласови и зборувам со бог“; од травматичното детство до објавување на нејзината бисексуалност

Еспресо
Се вчитува....