02:34 - 7 ноември, 2026

(Фото) Модни близначки: Премиерката на Нов Зеланд го „позајми“ фустанот од Кејт Мидлтон за средба со Борис Џонсон

Џасинда Ардерн, премиерката на Нов Зеланд, се појави во бел миди фустан со нагласена јака и „високи“ џебови на предниот дел, за време на нејзиниот официјален состанок со Борис Џонсон.

Фустанот е од Емилија Викстед, една од омилените дизајнерки на Кејт Мидлтон.

И – не е чудо што Кејт веќе истиот модел го носеше, уште во 2016 година.

И изборот на чевли е идентичен – во бела нијанса. А и формата на косата, во нежни бранови, е речиси иста.

Очигледно дека премиерката на Нов Зеланд „играла“ на проверена варијанта што се однесува до модниот избор. Што може да биде полондонски дрес-код за посета на Џонсон, од дрес-кодот на Мидлтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Voice of America (@voanews)

И тоа не е се. Премиерката не го посетила само Џонсон, туку имаше средба и со принцот Вилијам. Само што за оваа прилика облекла друг фустан, па принцот се спасил од „дежа ву“. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jacinda Ardern (@jacindaardern)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....