01:09 - 31 јули, 2026

Чоколаден чизкејк без печење готов за 15 минути – од кујната на Давор Панчевски

– Денеска со Вас ќе споделам супер брз, кремав и сочен рецепт за чизкејк без печење. Овој рецепт е одличен за секоја прилика, се подготвува за само 15 минути и буквално секој може да го подготви – вели Давор Панчевски.

Потребни состојки:

За основата на чизкејкот:

100 г мелени лешници

200 г мелени бисквити

7 лажици растопен путер

2 полни лажици крем растопен на пареа

1 пакетче ванилин шеќер

За филот:

400 г крем сирење на собна температура

70 г шеќер во прав

2 кесички чоколаден шлаг крем

250 мл млеко

1 тегла или 700 г  крем

200 г тостирани лешници за декорација

Подготовка

Најпрво, потребно е да ја подготвите основата за чизкејкот.

Во длабок сад ставете ги измелените бисквити, лешници, растопениот путер, растопениот крем и ванилиниот шеќер.

Добро промешајте ги сите состојки со помош на шпатула додека не се соединат и смесата префрлете ја во округло тавче на механизам. Смесата распределете ја рамномерно низ целата површина и страните од тавчето. Ставете го тавчето во ладилник да се стегне додека го подготвите филот.

Во длабок сад ставете ги крем сирењето на собна температура и шеќерот во прав. Матете со помош на миксер додека смесата не се соедини. Во садот додајте една тегла крем и добро промешајте со миксер додека смесата не се соедини.

Токму овој чоколаден крем прави овој чизкејк да биде толку вкусен. Парчињата лешници во него допринесуваат за максимално уживање во истиот.

Во друг сад на страна, ставете го млекото и кесичките за шлаг крема. Изматете ги додека не се соедини убав фил. Изматените кесички шлаг пена со помош на шпатула вмешајте ги во филот со крем сирење.

Вака подготвениот фил, префрлете го во калапот со основата за чизкејкот.

Измазнете со помош на шпатула и оставете чизкејкот да се стегне преку ноќ или минимум 4 часа.

Пред сервирајње во тавче испечете лешници во загреана рерна на 150 степени околу 7-10 минути. Оставете комплетно да се изладат и ситно исечкајте ги за да го декорирате чизкејкот.

Добар апетит и забавно готвење заедно со Давор.

Слични објави

Поранешниот свршеник на Јована Јеремиќ денеска слави, а покрај него е и новата девојка Александра

Еспресо

Голема димензија на љубов: Сара Мејс со емотивна честитка за роденденот на синот Кирил

Еспресо

Тања Савиќ заминува во Турција на естетска операција: „Морам да соберам храброст“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Стефан Лазаров во најубавото животно поглавје — трудничките фотографии од Охрид освојуваат на прв поглед

Еспресо

(Фото) Секоја прослава е посебна приказна со декорациите на „Магични моменти“

Еспресо

Јована Јеремиќ првпат влезе во собата на покојниот татко и се расплака: „Тоа никогаш нема да си го простам“

apostolova
Се вчитува....