8.8 C
Скопје
22:39 - 18 октомври, 2026

Маја остана сама со бебе кога ѝ почина сопругот, сега се врати посилна на сцената

Сопругот ѝ почина кога нејзината ќерка беше бебе, а нашата пејачка Маја Саздановска тешко ја преброди оваа загуба.

Пред 11 години почина нејзиниот сопруг Саша Лилчиќ, а во една прилика за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа изјави:

-Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката. Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато.

За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра, снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне“, рече Маја Саздановска.

Фото/ Фејсбук принтскрин

Таа настапи на фестивалот „Макфест“ заедно со Јован Јованов и по трагедијата што ѝ се случи и тешката животна лекција пејачката се врати на сцената посилна од било кога.

Маја на Макфест имаше настап со Јован Јованов Фото/ Фејсбук

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....