14:54 - 7 ноември, 2026

(Видео) Џенифер Лопез ја покажа својата љубов кон Бен Афлек преку накит: „Купидон од мене до тебе…“

Ѕвездената двојка се венчаше во летото 2022 година. Оттогаш, Џеј Ло постојано се појавува во јавност носејќи персонализиран накит.

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез (54) покажа уште еден персонализиран ѓердан посветен на нејзиниот сопруг Бен Афлек (51) во видеото постирано на Инстаграм за Денот на вљубените.

„Купидоновски бакнеж од мене до тебе. Мојот Ден на вљубените ја инспирираше рутината за нега на кожата само со „Џеј Ло бјути#ThisIsMeNow“, напиша пејачката и бизнисменка покажувајќи ѓердан на кој пишуваше „Affleck“ додека ги нанесуваше производите од нејзиниот бренд Џеј Ло (JLo).

Во видеото, ѕвездата носеше црвен џемпер од марката „Wooden Ships“ со огромно бело срце на предната страна, комбинирајќи го нејзиниот зимски изглед со златен ѓердан со нејзиното ново презиме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џенифер покажа многу слични дизајни на накит во текот на годините, вклучително и ѓердан на кој пишуваше „Бен“ откако повторно почнаа да се забавуваат во 2021 година, и друг ви накит на кои пишуваше „Госпоѓа Афлек“, „Џенифер и Бен“ по нивната венчавка во 2022 година во Лас Вегас и Џорџија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....