23.8 C
Скопје
12:57 - 6 мај, 2024

Колку чини организирање на Евровизија, дали е неповратна инвестиција или сепак, добро се заработува?

Колку чини да се биде домаќин на најголемиот музички фестивал во Европа, Евровизија?
По победата на групата Манескин, Италија овој музички настан го чекаше една година, а благодарение на нив, изданието на Европскиот натпревар за песна во 2022 година се одржува во Италија, поточно во Торино. Настан од ваков вид, кој го следат над 200 милиони луѓе секоја година, претставува можност што не се пропушта за еден град, а за Торино тоа значеше голем поттик за рестартирање по повеќе од две години пандемија. Меѓутоа, прашањето што многумина го поставуваат е: дали домаќинството на Евровизија заработува или е неповратна инвестиција?

Изборот за песна на Евровизија во Торино го организираа Европската радиодифузна унија (Ебу) и Раи (телевизија). Според информациите дадени од градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо, од претседателот на регионот, Алберто Сирио и од директорот на производствениот центар Раи во Торино, Гвидо Роси, Општината, Регионот, Стопанската комора и банкарските фондации за организација на настанот потрошиле повеќе од 14 милиони евра, од кои околу 10 биле во рацете на општинската администрација.

Но, на сумата треба да се додаде и придонесот што за секое издание доаѓа од ЕБУ – кој вообичаено е околу 4-6 милиони евра – и издвојувањето од 1,5 милиони евра на италијанската влада кое беше утврдено во февруари за промоција на настани поврзани со Евровизија. Севкупно, значи, цената на настанот е околу 20-25 милиони евра.

Колку чинеле изминатите изданија на Евровизија?

Трошоците за организирање на настанот се во согласност со оние од минатите изданија. Во 2021 година, на пример, Ротердам потроши 19 милиони евра (но на оваа бројка мора да се додадат трошоци од 6,7 милиони што произлегуваат од откажувањето на Евровизија 2020 поради Ковид). Во 2019 година Тел Авив направил трошок од 28,5 милиони, годината пред него Лисабон платил за настанот 25 милиони евра.

Во последните десет години Азербејџан потрошил најголем износ (2012), односно сума од 51 милион евра за фестивалот, 9 милиони за пропратни настани, па дури и 100 милиони за изградба на Кристалната сала во Баку.

Од друга страна, Евровизија организирана од Шведска во 2013 година, чинела најевтино, вкупно 15 милиони евра. Земајќи просек помеѓу различните изданија, можеме да кажеме дека вкупните трошоци во просек се движат околу 20-25 милиони евра.

Заработувачка

Кога станува збор за приходите, мора да се земат предвид два различни аспекти: директни приходи, кои произлегуваат од рекламирањето, спонзорите и продажбата на билети, и индиректните економски реперкусии што еден ваков глобален настан може да ги има врз градот.

За да разберат кои се приходите од рекламирање на настанот, може да биде корисна споредбата со фестивалот Санремо. Годинава Раи успеал да собере 38 милиони евра од реклама за сите пет вечери на Санремо, благодарение на публиката од 8,4 милиони гледачи. Финалната вечер на Евровизија во последните години ја виделе 200 милиони луѓе, околу 25 пати повеќе. Затоа, за државната телевизија, потенцијалните приходи од реклами се огромни. На ова се придружуваат и спонзорствата на шесте главни спонзори на Евровизија 2022: Costa Cruises, Fiat, Lavazza, Philadelphia, Plenitude и Vodafone кои беа главни протагоности на различни настани во градот и особено на местата на настанот, како што се Олимпискиот парк и евровизиското село. Според гласините, вкупната сума што ја платиле спонзорите е околу 5,2 милиони евра.

Што се однесува до втората ставка, според проценките на општина Торино, реперкусиите за областа би биле еднакви на 6/7 пати поголема од инвестицијата. Всушност, Ло Русо зборуваше за поволности еднакви на околу 100 милиони евра за туризмот, угостителството и за целиот угостителски сектор воопшто.

Заработувачка, секако има и од продаденит билети. Билетите за присуство на финалната вечер беа веднаш распродадени, но тешко се стигнувало и до билети за двете полуфинални вечери но и за генералните проби. Нивната цена варирала во зависност од тоа дали станува збор за генерална проба, или за вечерен настан.  За полуфиналето цената се движела меѓу 20 и 250 евра, додека за финалето билетите биле од 150 до 350 евра.

Слични објави

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо
Се вчитува....