04:17 - 8 ноември, 2026

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

Јелена Карлеуша проговори за колешката Драгана Мирковиќ.

Јелена истакна дека на естрадата има малку пријатели, но дека таа и Драгана секогаш се поддржуваат една со друга.

Пејачката избегна директно да го коментира разводот на Драгана, но индиректно укажа на суровоста што понекогаш мажите можат да ја покажат кон жените.

– Со Драгана постојано се тешиме. Во последно време таа крена раце да ми се јави. Драгана слободно испрати ми некоја порака, јас сум добро. Јас сум пријател кој веднаш презема акција за да ги реши сите проблеми – започна Јелена, која проговори и за разводот на нејзините родители и за женските чувства кои можат да ја заболат.

– Сум гледала колку мажите можат да бидат сурови кон жените. Многу сум чувствителна штом тоа ќе го забележам, зашто сум израсната со мајка. Кога ќе видам жена како плаче, тоа за мене е катастрофа. Женските солзи не можам да ги поднесам. Немам друга опција, освен да бидам многу многу силна кога некои работи ми се случуваат, силна сум, но не е дека не ме допира. Тоа што ѝ се случува на Драгана, мене многу ме повредува. И тие солзи…Таа ја заслужува сета среќа на овој свет, и да биде насмејана, сакана, мажена, пазена, – вели Јелена за српски Информер.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....