32.8 C
Скопје
15:44 - 8 септември, 2026

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

Во 2022 година, ЕБУ објави дека Русија повеќе нема да учествува на натпреварот за песна на Евровизија поради инвазијата на Украина.

Организаторите на Евровизија го објавија својот одговор на се почестите критики за учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.

Организаторите рекоа дека исклучувањето на израелскиот јавен радиодифузер КАН од натпреварот ќе биде политичка одлука. Во изјава за Скај њуз, заменик-генералниот директор на ЕБУ, Жан Филип де Тендер, рече дека одлуката за вклучување на Кан се заснова на актуелните правила за натпреварувањето.

„Сосема се согласувам дека тоа е семеен настан. Одлична работа кај овој музички настан е тоа што се негуваат одредени вредности. Станува збор за обединување на сцената на сите овие млади таленти, станува збор за разноличност и вклученост, но постојат правила на натпреварувањето и мора да се следат тие правила и да се носат одлуки на основа на тие правила. Ако би го вклучиле КАН надвор од овие правила, тоа би била политичка одлука, а како таква, не можеме да ја донесеме“ – објасни Жан Филип де Тендер и додаде дека ЕБУ е аполитична организација.

„Ја разбираме загриженоста и длабоко вкоренетите ставови што многу луѓе ги имаат за војната и мислам дека никој не може да остане рамнодушен на длабокото страдање на сите вклучени во таа војна. Евросонг е музички настан организиран и копродуциран од 37 јавни радиодифузери, па затоа не е натпревар меѓу нации или влади“ – продолжи тој.

ЕБУ во 2022 година објави дека Русија повеќе нема да учествува на Евровизија поради инвазијата на Украина, а сега кога е Израел во прашање, тврдат дека ситуацијата е поинаква.

Бројни уметници од Европа потпишаа петиција и повикаа на бојкот на овогодинешниот избор за песна на Евровизија.

 

Слични објави

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.
Се вчитува....