10.8 C
Скопје
10:55 - 10 декември, 2022

Кое е нај­ло­шото вре­ме за ру­чек ако са­ка­те да ос­ла­бете

Иа­ко нај­важ­на ра­бо­та е сос­та­вот на хра­на­та што ја ја­деме, се­пак без ис­клу­чок е ва­жен и пе­ри­о­дот од де­нот во кој ја вне­су­ва­ме хра­ната, се раз­би­ра до­кол­ку са­ка­ме да ос­ла­бе­ме или, пак, да ја од­ржу­ва­ме ли­ни­ја­та до сов­ршен­ство.

Се­кој што е на ди­е­та тре­ба да знае де­ка об­ро­ците, а осо­бе­но ру­че­кот тре­ба да се ја­де во стро­го оп­ре­де­ле­но вре­ме за да се на­ма­лат ки­лог­ра­ми­те ус­пешно. Но иа­ко не­ма сов­рше­но вре­ме ко­га да ру­чате, нут­ри­ци­о­нис­ти­те тврдат де­ка по­стои нај­ло­шо вре­ме да го нап­ра­ви­те тоа.

Нут­ри­ци­о­нис­ти од Шпа­нија, во со­ра­бот­ка со ко­ле­ги ле­ка­ри од нај­раз­лич­ни сег­мен­ти од ме­дици­ната, спро­ве­ле оп­сеж­но ис­тра­жу­ва­ње на 1.200 ис­пи­та­ни­ци што има­ле пре­ку­мер­на те­жи­на и кои со го­дини, а не­кои и со де­це­нии на­на­зад се оби­ду­ва­ле да го по­сти­гнат сво­јот „сов­ршен из­глед“ .

На ис­пи­та­ни­ци­те им бил сер­ви­ран ист ру­чек, од­нос­но си­те ја­де­ле иден­тич­ни об­роци.

Она што се раз­ли­ку­ва­ло е тоа што ед­на тре­ти­на од ис­пи­та­ни­ци­те ја­де­ле пред 15 ча­сот, вто­ра­та гру­па ја­де­ла точ­но во 15 ча­сот и тоа се­кој ден, а тре­та­та гру­па об­ро­кот го ја­де­ла по 15 ча­сот.

Ре­зул­та­ти­те по­ка­жа­ле де­ка нај­бав­но со­го­ру­ва­ле ка­ло­рии лу­ѓе­то што ру­ча­ле по 15 ча­сот. Ту­ка се по­с­тави­ло пра­ша­ње­то ка­ко ру­че­кот мо­же да ни го са­бо­ти­ра сла­бе­е­њето, и тоа не хра­на­та што ја вне­су­ваме, ту­ку ча­сот во кој ја ја­деме?

Спо­ред ек­спер­тите, вед­наш по ја­де­ње­то на глав­ни­от об­рок лу­ѓе­то нај­чес­то чув­ству­ва­ат по­спа­ност. Освен пот­ре­ба­та за од­мор што ја чув­ству­ва на­ше­то тело, слич­на так­ва пот­ре­ба има­ат и внат­реш­ни­те ор­га­ни што, пак, од дру­га стра­на ре­зул­ти­ра со за­ба­ву­ва­ње на ра­бо­та­та на ди­гес­тив­ни­от сис­тем, а ка­ко по­след­ица на тоа, изе­де­на­та хра­на ос­та­ну­ва по­дол­го во те­лото. Ток­му по­ра­ди тоа до­а­ѓа до де­бе­ле­ење. И тоа во пе­ри­о­дот по 15 ча­сот ко­га на на­ше­то те­ло „очајно“ му тре­ба од­мор за да се „ре­ге­не­рира“ по на­пор­ни­от ра­бо­тен ден.

Ме­ѓу дру­гото, шпан­ски­те на­уч­ни­ци по­ка­жа­ле и при­мер спо­ред кој на­ци­и­те што прак­ти­ку­ва­ат да ја­дат око­лу 13 ча­сот, ва­жат за на­ции на „сла­би луѓе“, ка­ко што се Шпанци­те спо­ред­бе­но со жи­те­ли­те на САД ка­де што не­ма кон­кре­тен час или как­во би­ло ог­ра­ни­чу­ва­ње око­лу ча­сот на вне­су­ва­ње на об­ро­ци­те што, пак, ре­зул­ти­ра со мно­гу лу­ѓе што има­ат ви­шок ки­лог­рами.

Слични објави

Што да (не) правите на денот на св. мч. Јакoв Пeрсијанeц: „Сите молитви денес ќе бидат одговорени“

Еспресо

По што беше познат Рони Тарнер, синот на Тина Тарнер: „Овој пат дадов сè од себе. Не можев да те спасам…“

Еспресо

Путин разочаран од зборовите на Меркел за договорите од Минск: „Кому да веруваме? Довербата на Западот е доведена на нула“

Еспресо

Потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили е приведена во Белгија за случај на корупција: Наводи за примање мито за СП во Катар

Еспресо

„Не ја искривувајте сликата“: По документарецот се огласи портпаролката на Хари и Меган

Еспресо

Астро прогноза за сабота, 10 декември

Еспресо
Се вчитува....