18.5 C
Скопје
02:59 - 21 јуни, 2026

Ќерката на Џеј за филмот „Недела“: „Фалеше повеќе музика, премногу го имаше брат му Џамба“

Марија Рамадановски, ќерка на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, ги сподели своите впечатоци за филмот „Недела“ кој се базира на животот на нејзиниот татко.

Поминаа речиси две недели од премиерата на филмот „Недеља“, а Марија Рамадановски сега ги сподели своите впечатоци од овој филм и рече дека има неколку замерки.

– Филмот го видов на премиерата и можам да кажам дека сум задоволна од она што го видов. Во исто време, бев и среќна и тажна што гледав филм за него. Актерите беа одлични, би ги пофалила сите. Татко ми имаше многу турбулентен живот, па да траеше филмот пет часа, немаше да може да се отслика неговиот живот – изјави таа во емисијата „Премија викенд специјал“, додавајќи:

– Работите се вистинити, сцените се вистинити. Се смеев на некои настани, дури и плачев. Имаше многу животни работи кои тој ни ги кажа, а кои не беа пренесени. Би ја издвоила сцената со јагнето, која ме воодушеви, за која и тој постојано зборуваше.

Марија истакнува дека Џеј никогаш не се стремел да биде ѕвезда, а потоа се осврна на некои од машките и женските колеги на нејзиниот татко:

– Мојот татко никогаш не се стремел да биде ѕвезда, легенда. Секогаш велеше дека тоа ти го дава Бог. Во филмот се гледа дека пеел дома, но никој не можел да претпостави кој ќе стане тој подоцна. Со тоа и јас се водам низ мојот живот. Сè е до судбината и до Бога. Како што е кажано, така и ќе биде – вели Марија, а потоа продолжува:

– Шо се однесува до колегите на тато, секој има право на свое мислење, тука не би се мешала. Што се однесува до мојот впечаток, можеби фалеше повеќе музика, можеби премногу го имаше мојот чичко Џамба, но тој мораше за некој емотивно да се врзе. Што се однесува до сцените, реално се прикажани. Не можам да кажам дека тој е деградиран или лошо прикажан. Горда сум, задоволна и мислам дека тој се ова го заслужил и дека би му боло драго да има филм за себе. Сега, од оваа перспектива, сфаќам дека требаше многу повеќе време да поминувам со него и многу ми е жал поради тоа.

Слични објави

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Еспресо

(Видео) Ноќевање чини 1.000 евра – Марија Шерифовиќ ги спакува куферите и отиде на оваа луксузна дестинација

Еспресо

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо
Се вчитува....