23:10 - 28 ноември, 2026

„Ќе те обесиме“: Поради Здравко Чолиќ, градоначалникот на Дубровник добива закани

Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ на Фејсбук го објави заканувачкото писмо што го добил поради новогодишниот настап на Здравко Чолиќ.

Наведено е дека писмото го испратиле хрватските бранители на тигрите и 4-та бригада на Хрватска.

– Честитка за добро утро од „бранителите“ кои немаа храброст да се потпишат – напиша Франковиќ и објави писмо во кое јасно се читаат грозоморните закани.

– Кога во 1991 година го браневме Дубровник од четниците и Србите, а ти денес ги каниш на Страдун српските пејачи како Здравко Чолиќ и други… – пишува во писмото.

– Последна опомена дека ќе го преораме со динамити цел Страдун, а тебе ќе те пбесиме на јарбол на Страдун – пишува меѓу другото во писмото.

Потсетуваме, Чолиќ за новогодишната ноќ заработи вртоглави 130.000 евра што е убедливо најмногу од сите изведувачи во регионот.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....