18.8 C
Скопје
10:19 - 6 мај, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: (Не)соодветна употреба на витамини кај децата

Важно е да знаеме кога треба да се направи дополна на витамини кај децата, а тоа се неколку состојби: Дефицит на витамини, заради намален внес или намалено присуство на витамини во исхраната; Примена на рестриктивни диети со смалена количина на витамини; и болести и состојби при кои имаме смалена односно неадекватна реабсорпција на истите.

Витамин Е. Го има во растителните масла, семките, јаткастите плодови, житарките. Се смета за важен антиоксидант и има антибактериско дејство. Дозволена доза на користење е 4-13mg/дневно, во зависност од возраста. Иако нема јасен токсичен ефект, сепак даден во високи дози може да предизвика мускулна слабост, замор, гадење и дијареа. Витаминот Е даден во високи дози над 1000mg/дневно може да предизвика крварења. Дефицит на витаминот Е кај децата се среќава при гастроинтестинални малапсорпции како и кај вродени нарушувања на апсорпции и скалдирање во црниот дроб. Клинички знаци на дефицит на витаминот Е се манифестираат како хемолитичка анемија, периферна неуропатија, ретинопатија, атаксија, миопатија и смален одговор на инфекции. Во споменатите состојби, суплементацијата со витамин Е е задолжителна, дури и кога не е до крај извесно колку долго ќе се дава и кој ќе биде неговиот долготраен ефект. Суплементирање на витамин Е го намалува ризикот на појава на интравентрикуларни крварења и ретинопатија, кај предвремено родените новороденчиња, но не и кај екстремно премтаурни бебиња. Од неодамна витаминот Е се употребува и во третманот на неалкохолен стеатохепатит, а лабораториските параметри покажале подобрување на хепаталните ензими. Побројни се студиите кои го испитуваат дејството на витаминот Е кај болести кои се карактеризираат со хемолиза. Позитивен ефект е постигнат кај пациентите со бета таласемија преку намалување на оксидативниот стрес на засегнатите органи.

Витамин А. Се наоѓа во храна од животинско потекло, но исто така и во овошја и зеленчук кои содржат каротеноиди, а кои се прекурсори на витамин А. Витаминот А е есенцијален за адекватен вид, за мускулната функција и за добри имунолошки реакции. Препорачана дневна доза за педијатриската популација е 200-500 микрограми, зависно од возраста. При предозираност (акутна токсичност) на витамин А се јавува гадење и повраќање. Витаминот А е токсичен при давање во бременост, па така ќе предизвика вродени дефекти на раѓање. Главоболка и интракранијална хипертензија може да бидат симптоми при акутно или хронично интоксицирање со витамин А. Предвремено родените деца имаат ниско ниво на Витамин А на раѓање, но нема доволно студии кои би го поткрепиле давањето на Витамин А во мускуларна форма. Витаминот А се смета дека поседува потенцијал за контрола врз гликемијата, наголемувајќи ја осетливоста на инсулин, хормон кој го контролира зголеменото ниво на гликоза во организмот. Во однос на имунолошкиот систем и регулацијата на имуниот одговор се смета дека витаминот А игра улога во продукцијата на Т-лимфоцитите како и улога во имуномодулација на имунолошкиот одговор.

Витамин Д. Се прима по орален пат преку храна која е многу богата со активната форма на витаминот, како риба, жолчка од јајце, полномасни сирења и путер. Фундаментален е за соодветен развој на коските, го одржува метаболизмот на калциум и фосфор и овозможува реапсорпција на калциум. Препорачана диететска доза за витамин Д е 10 и 15микрограми/дневно (1 микрограм е соодветен на 40 (IU) интернационални единици на Витамин Д). Доколку е витаминот Д во вишок од дозволенета доза, може да даде токсичен ефект со зголемување на калциумот во серум и појава на бубрежна калциноза. Затоа се препорачува проверка на нивото на витамин Д во серум кај доенчиња и деца кои се на долготрајна супституција со витамин Д. Недостигот пак, на витамин Д е поредок, а се случува често кај болести со лоша апсорбција, болести на црн дроб и бубрези, при хронични терапии со лекови како Фенитоин, Карбамазепин, кортикостероиди, антигабични лекови. Кај предвремено родените бебиња дневната суплементација со витамин Д оди во повисоки дози во однос на доносените деца. Студии укажуваат на поволните ефекти на витаминот Д во состојби на Диабетес тип 2, но и Дијабетес тип 1, со оглед на тоа дека витаминот игра улога во генската експресија и вон клеточната диференцијација и пролиферација. Витаминот Д има јасен имуномодулаторен ефект како на вродениот така и на стекнатиот имунитет. Се смета дека даден во адекватни дози витаминот Д кај луѓето го смалува ризикот за мултиплекс склероза, идиопатски јувенилен артритис, а кај луѓето кои се веќе засегнати со таква состојба го намалува ризикот од влошување и релапси. Кај Кронова болест и кај системски Лупус витаминот Д ја смалува тежината на симптомите. Иако се смета дека има голема улога во автоимуните болести, сепак потребни се понатамошни студии за следење на ефектите на витаминот Д, а особено се неопходни студии кај болните од респираторни болести и астма, за кои сеуште нема јасна потврда.

Во Клиника „Жан Митрев“ достапни се тестови за испитување на присуство/отсуство на витамини, секако во согласност со препораките од нашите педијатри. За да закажете термин јавете се на тел. 02/3091-484

Слични објави

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо
Се вчитува....