21:59 - 29 ноември, 2026

Големата мистерија за СЕРГЕЈ ШОЈГУ: Пак се појавува на видео со Путин, но се случува нешто многу чудно!

Сергеј Шојгу му се врати на Путин? Мистеријата за судбината на рускиот министер за одбрана, еден од двајцата најблиски луѓе до Владимир Путин кои решија да ја нападнат Украина пред еден месец, станува се поинтензивна.

Во последните денови, неколку експерти се прашуваа што се случи со „јастребот“ Шојгу, кој не се појавил јавно од 11 март.

Некои извори блиски до него објаснија дека бил болен, имал проблеми со срцето, вест која очигледно не е официјално потврдена од Кремљ.

Сепак, Шојгу повторно се појави на видео еден ден откако гласините се таложеа една врз друга.

Каналот на руската државна телевизија ги прикажа – во видео без аудио – сликите од (наводниот) состанок на Советот за безбедност, вчера, на кој присуствуваше Шојгу, кои може да се препознаат во горниот лев агол на мониторот поставен пред Путин. Видеото, сепак, е многу чудно: дојде до прекин на снимката и врската на Шојгу наеднаш поцрне.

Многумина ја обвинуваат Русија дека станува збор за трик, обид да се замолчат гласините.

„Москва тајмс“ подвлекува дека Шојгу во снимката со Путин изгледа дека одговара токму на  прашањата од 11 март, датумот на неговото последно појавување во јавноста.

На многу странски новинари не им побегна фактот дека првите 4 секунди и последните 4 секунди од видеото се исти, а тоа го докажуваат дека „ја мрднал раката на снимката“.

Инаку, официјално беше објавено дека Шојгу рекол дека има „напредок“ во таканаречената „специјална воена операција“ во Украина. Но, мистеријата за неговото „исчезнување’ и понатаму останува, известува „ил темпо.ит“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHT News (@whtnews)

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....