04:03 - 8 ноември, 2026

Го видов Господ: Весна Петрушевска се огласи по операцијата

Весна Петрушевска се огласи од болница по операцијата, за која рече дека е четврта за една година.

-Помина, малце така Господ го видов цела ноќ ама помина. Инаку влегов со песна на операција, оти баш тогаш се случи Халид Бешлиќ да умре. И јас ја пеев „Миљацка“ со една сестра.

Се сум си отпеала. Они: легни. Јас: Чекај да допеам. Вената една згрешена, ма нема врска, боди друга вена човек, јас сум тука“, рече Весна на Инстаграм.

Потоа рече дека кога докторите сакале да ја почнат процедурата пред операцијата, таа им рекла да почекаат да допее уште една строфа.

-За овие година и пол сама си одам во болница, сама се враќам, свесно си докажувам себеси дека можам сама и ги избгенувам оние моменти на непотребни емотивни состојби.

Животот е тука за да нѐ научи да бидеме храбри, да се бориме и да научиме да бидеме сами, оти сами доаѓаме на овој свет, сами си одиме.

Единствено од кое што се плашам е игла, и одлучив на направам дневник. Не сум го правела ова и сакам да гои споделам со сите жени што се жртви на рак на дојка и имаат масектомија, поточо сите ние сме кастрирани на некој начин“, рече Весна пред три дена, кога беше хоспитализирана.

Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....