20.3 C
Скопје
06:35 - 20 јуни, 2026

(ФОТО)КОЈА Е КРИС ЏЕНЕР: Контраверзна мајка? Нелојална сопруга? Или еден од најдобрите бизнис умови на 21 век?

Контраверзната Крис Џенер денеска го слави својот 66-ти роденден

Крис Џенер е мајка на познатите сестри Кардашијан. Ким, Кортни, Клои, Кајли, Кендал и Роб немаше да постојат, ниту пак сите ќе уживаа во богатството што го имаат денес без визијата на оваа жена.

Родена во Сан Диего, Калифорнија во 1955 година, а нејзиното детство не било ни приближно гламурозно како животот што го има сега. Поради честите кавги, нејзините родители рано се развеле.

Како дете, Крис за малку ќе изгубила една нога. Имено, ѝ бил дијагностициран тумор на коските на ногата, а бидејќи медицината тогаш не била толку напредна како денес, ѝ се заканувала ампутација. Најлошата опција, сепак, не се остварила и Крис била успешно излечена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kenny (@niicolleejenner)

Кога наполнила 21 година, Крис се вработила како стјуардеса во „Американ Ерлајнс“, а пред да стане стјуардеса, таа работела како продавачка на крофни во локална продавница. Се будела секое утро во пет и пол, работела до седум и пол, а потоа трчала по училишниот автобус.

„Кога бев мала уживав во чувството дека сум вработена и дека заработувам свои пари“, рече таа во една прилика.

На 17-годишна возраст го запознала Роберт Кардашијан, нејзиниот прв сопруг, кој бил 12 години постар од неа. Роберт бил богат адвокат, па нејзината мајка не се жалела премногу на нивната врска. На 22 години отишла со него до олтарот, а за време на меден месец отпатувале во Франција и Италија. Тогаш била Кортни зачната.

За жал, бракот не бил идиличен и Крис имала повеќегодишна афера со помлад човек. Бракот се распадна во 1991 година, а Крис набрзо почна да излегува со поранешниот олимпиец Брус Џенер, кој неодамна го промени полот и стана Кејтлин. Тие се верија пет месеци подоцна, а се венчаа само еден месец по разводот со Роберт.

Брус и Крис почнаа да снимаат тренинзи на видео касети и да ги продаваат преку Амазон. Токму Крис го спонзорираше снимањето на најпознатото светско „реалити шоу“ „Keeping Up With The Kardashians“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna-lee Shave (@jennaleeshave)

Крис Џенер е контраверзна фигура, многумина веруваат дека таа е одговорна за дистрибуцијата на порно снимката на нејзината ќерка Ким со Реј Џеј. Но, и покрај многуте шпекулации, Крис има бројни фанови кои ја охрабруваат и прославуваат како силна мајчинска и женска фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....