19:42 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ѕирнете во кујната на Зорица Брунцлик: Во чист луксуз се подготвуваат разни деликатеси

Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш имаат еден од најскладните бракови на естрадата. Двојката живее во луксузна куќа во која имаат базен, музичко студио, па дури и фризерски салон, но се чини дека пејачката има омилен дел од домот.

Зорица е одлична готвачка, а со својот сопруг ужива во подготовка на разни специјалитети, што таа неодамна и го покажа.

Таа беше учесничка во емисијата „На вечера кај…“, при што публиката можеше да ја види нејзината кујна, како и трпезаријата.

Како што може да се забележи, просторот е уреден во бели и пастелни тонови, а пејачката се труди секогаш да има свежо овошје и зеленчук, кои ги користи при подготовка на храната.

Деталот што особено паѓа во очи е тоа што модерните апарати се вклопени со стилски витрини и комоди, што на целиот простор му дава посебна атмосфера.

Мали детали како бели тегли со розови елементи, бронзен прибор за јадење и чинии со интересни шари ја дополнуваат сликата на кујната.

Со оглед на тоа што ужива во готвењето, Зорица често угостува блиски луѓе, па може да се види и нејзината голема трпезарија, во која централно место зазема шанкот, како и простор за чување чаши сличен на оној во ресторани.

Нема сомнеж дека таа овде ужива да се опушти и да ги заборави обврските, а најчесто ги угостува членовите на семејството, особено за празници кои се наближуваат.

Слични објави

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо
Се вчитува....