15.8 C
Скопје
19:42 - 19 октомври, 2026

Видео кое расплакува: Дамјан Стојаноски емотивно за татко му Војо

Македонскиот пејач Дамјан Стојаноски ги трогна своите обожаватели споделувајќи архивска снимка си неговиот татко, легендата на македонската народна песна, Војо Стојаноски.

Иако видеото е споделено на 4 април, уште се шири и се коментира.

По големиот интерес и бројните пораки од публиката по претходно објавеното кратко видео, Дамјан реши на социјалните мрежи да го сподели целиот настап кој датира од 7 декември 1997 година. На снимката, малиот Дамјан за првпат застанува на сцената на Универзална сала и игра оро со својот татко.

„Заради големата гледаност на претходното видео и вашите коментари и пораки што ги добивам овие денови, на ваше барање еве го целиот настап од 1997 година со татко ми. Ова видео нека биде во негова чест“, напиша Дамјан во описот на објавата.

 Коментарите под објавата се преполни со поддршка и носталгија, а многумина истакнуваат дека Дамјан е достоен наследник кој со гордост го продолжува патот на својот татко.

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....