11.8 C
Скопје
01:06 - 3 мај, 2024

(Фото) Веќе не е сам дома: Меколи Калкин за прв пат ги покажа двете деца, пред ѕвездата на Булеварот на славните

Актерот призна дека сега е навистина среќен и има цел во животот.

43-годишниот американски актер Меколи Калкин, кој стана познат ширум светот како дете откако глумеше во култната божиќна комедија „Сам дома“, доби своја лична ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес.

На церемонијата организирана во негова чест по овој повод, актерот дојде со неговата свршеница, актерката Бренда Сонг, но вниманието го привлекоа синот Дакота (2) и помладиот син Карсон.

Ова е првпат целото семејство Калкин да се појави во јавноста.

Во одреден момент, Калкин нежно го бакна својот син во главата, а мигот не го го пропуштија фотографите.

На настанот дојде и неговата колешка од „Сам дома“ Кетрин О’Хара, која ја играше мајката на Кевин Мекалистер во легендарната комедија.

Во свечен говор, Калкин и се обрати на својата сакана партнерка.

„Би сакал да ѝ се заблагодарам на Бренда. Ти си апсолутно сè. Ти си мојот шампион. Ти си единствената личност која ми е најголемиот благослов денес. Ти не само што си најдобрата жена што некогаш сум ја запознал, ти си најдобрата личност што некогаш сум ја сретнал. Ти ми даде цел. рече тој, а зборовите ја расплакаа и партнерката.

Меколи и Бренда се запознале во јуни 2017 година, откако се сретнаа на снимањето на филмот „Револуционер“. Веста за нивната свршувачка беше објавена во јануари 2022 година по повеќе од четири години врска. Пред Бренда тој беше во брак со актерката Рејчел Минер, но младенците имаа само 17 години и овој брак заврши со развод. Потоа Меколи се забавуваше со актерката Мила Кунис подолго време. Сепак, тие се разделија, а имаше гласини дека Меколи бил толку шокиран од разделбта што за малку ќе се самоубиел.

На 5 април 2021 година, Бренда и Меколи го дочекаа своето прво дете, Дакота Сонг Калкин. Момченцето го доби името по покојната сестра на Меколи, Дакота „Коди“ Калкин, која почина на 29-годишна возраст на 10 декември 2008 година, кога била удрена од автомобил додека ја преминувала улицата.

Второто дете, синот Карсон, го дочекаа непосредно пред Божиќ 2022 година.

Актерот претходно изјави дека навистина сака да има деца и семејство. Особено откако сфатил дека времето минува.

„Имам чир или два на желудникот со кои треба да се справам, имам дигестивни проблеми, размислувам: „Ох, дали е ова почеток на крајот?“ се пошегува Калкин, објаснувајќи ја својата желба да стане татко.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....