17:23 - 7 ноември, 2026

(Фото) Вака изгледа романтична вечера во режија на Немања Гудељ: Анастасија ужива во луксуз и внимание

Фудбалерот на српската репрезентација и ФК Севиља, Немања Гудељ моментално ужива во заслужениот одмор, кој го поминува со својата девојка Анастасија Ражнатовиќ, пејачка и ќерка на фолк дивата Цеца.

Анастасија и Гудељ зад себе оставија тежок период, во кој го загубија своето бебе во шестиот месец од бременоста, а меѓусебно се најголемата поддршка додека се обидуваат да застанат на нозе по оваа загуба.

По завршувањето на фудбалската сезона отидоа на Сен Тропе, па на Ибица, а сега на своите фанови им открија уште еден убав детал – како изгледа романтична вечера во режија на Немања Гудељ.

Анастасија на Инстаграм сподели неколку моменти и малку од атмосферата од вечерата со која нејзиното момче ја изненади.

Разнобојни балони, букет од посветло и потемно розови рози, свеќи, поглед на природата, вкусна закуска, пршут, заедно со неизбежното шампањско, експлозивен перформанс… се за да ја насмее неговата сакана.

– Романтична вечера со мојата бубачка – напиша разнежнето Анастасија на Инстаграм, а на крајот на вечерта си заминала дома носејќи прекрасен букет цвеќе.

Инаку, вечерата била организирана во луксузниот ресторанот на хотелот Хациеда на Ибица.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....