04:36 - 29 ноември, 2026

(Фото) Стилот на Здравко Чолиќ кој сите ќе сакаат да го копираат: Музичката легенда знае како да изнесе тивок луксуз

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ е познат по својот беспрекорен моден стил, а на најновата фотографија од Сплит, тој со својот избор на гардероба ја демонстрираше рамнотежата помеѓу елеганцијата и лежерноста.

Неговиот стил е препознатлив и автентичен, отфрлајќи ја трендовската униформираност.

Здравко Чолиќ никогаш немал модни промашувања. На најновата фотографија од Сплит, направена во опуштена атмосфера, тој покажа дека сè уште негува одличен стил. Иако има 74 години, тој докажува дека годините не му можат ништо – ниту кога станува збор за енергијата, ниту кога станува збор за изборот на гардеробата.

Легендарниот Здравко Чолиќ е на сцената во впечатливи костуми, а надвор од неа во стил кој зрачи со леснотија и софистицираност. Во текот на неодамнешната средба со хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ во ресторан во Сплит, Чола повторно одржа модна лекција која заслужува аплауз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Restoran & bar Dolis (@dolissplit)


Беж тонови, кои на многумина можат да им изгледаат бледо, на Чола се приказна сами по себе – тие се вклопени на таков начин што изгледаат како тивок луксуз. Светлосиво палто со текстура, во комбинација со едноставна маица и панталони во боја на капучино, создава совршена рамнотежа помеѓу опуштено и елегантно. Темните чевли додаваат контраст и ја комплетираат модната приказна на Чолиќ без ниту една грешка.

Ова е оној тип на стијлинг што се памети – ненаметлив, но во исто време препознатлив и автентичен. Чолиќ е без сомнение мајстор да избере стајлинг што изгледа скапо, а без потреба тоа да се нагласува.

И токму тоа е тајната – музичката ѕвезда не ги следи трендовите, туку ги носи на свој начин.

Многумина ќе се согласат дека речиси секое негово модно издание е лекција за стил, харизма и ненаметлив сјај што го носат само вистинските легенди.

 

 

 

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....