05:57 - 29 ноември, 2026

(Фото) Силен земјотрес во Марке, Италија, со јачина од 5,7 степени, почувствуван низ цела Италија: „Голем страв, се плашиме од последици“

Предупредени во Пезаро Урбино, но и во Рим, Фиренца и Болоња до Трентино Алто Адиџе.

Станицата во Анкона, твитер

Од утринава, некои здравствени институции  (Пезаро и Анкона) се затворени за јавноста во регионот Марке поради штетите од земјотресот во очекување на проверки. Има пукнатини по болниците.

Затворени се и подвозниците во централната станица во Анкона поради пукнатини и паднат шут. Бројни телефонски повици стигнаа до Единствениот број за итни случаи, услугата штотуку ја зајакна потпретседателот на регионот Марке, советник за здравство, Филипо Салтамартини, за да даде побрзи одговори. Од првичното следење на извештаите нема информации за повредени или жртви.

Циркулацијата на возовите во Умбрија е редовна по силниот земјотрес регистриран во областа Марке, јавува Анса која стапила во контакт со железницата.

твитер

Во Анкона, Фано, Пезаро и Урбино училиштата се затворени како мерка на претпазливост по земјотресот утринава, со епицентар на брегот на Пезаро, од кои најсилниот бил со јачина од 5,7 степени во 7,07 часот, а пет минути подоцна следеше уште еден со јачина. 4.0. Потресите беа јасно почувствувани во целиот регион Марке, а особено во северно-централниот регион имаше сцени на паника со луѓе кои брзаат на улиците. Земјотресот, според италијанските емдиуми, се почуваствувал речиси низ цела Италија.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....