07:47 - 8 ноември, 2026

(Фото) Романтичен момент на Татјана Стојановска и Михаил, како да се на меден месец

Татјана Стојановска со години е водителка и Тв- презентерка која е посветена на негувањето на македонскиот литературен јазик.  Некогашна Мис на Макдонија за 1992 година, таа и денес важи за една од најубавите жени во јавноста кај нас.

Десет години откако се свршија, ТВ-презентерката и нејзиниот партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски, во јуни во 2023 година се венчаа пред најблиските.

-Пред точно 10 години, на 10 јуни 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција, и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно. И точно на 10-годишнината од запросувањето, вчера стапивме и официјално во брак.

Регистрацијата и прославата се одржаа во хотел „Александар Палас“, заедно со нашите најблиски роднини и пријатели. Беше весело благодарение на групата „Соната“ и бисерниот глас на Кате, како и на нашите весели гости“, рече тогаш Татјана за „Слободен печат“.

Таа додаде дека одлуката на 10 јуни да ја официјализираат врската, токму на овој симболичен датум, ја донеле спонтано.

Фото/ Инстаграм

Татјана сподели романтични слики на плажа, од зајдисонце во кое ужива со својот сопруг. Михаил не е на сликата, но е означен, а двојката ги полни батериите на некоја од грчките плажи како да се уште на меден месец.

Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....