13:10 - 28 ноември, 2026

(Фото) Им го разубави денот на гледачите- Водителката Милена се појави на ТВ во најкус фустан досега

Милена Антовска-Станковска е една од најубавите наши ТВ-водителки, препознатлива по утринската програма на Канал 5 телевизија долги години. Во една прилика, за „Еспресо“, таа зборуваше за својот стил:

-Облеката во мојот гардеробер се дели на облека за емисија, за излегување и за секој ден. За на работа, преферирам класичен стил, за излегување – фустани, за преку ден, кога немам обврски, може да бидам и во тренерки, фармерки и маичка или во некој блузон.

Важам за тип на жена што многу брзо се подготвува. Најчесто во глава веќе имам смислено комбинација за гардероба, се шминкам за 20 минути, така што за еден час сум готова.

Избегнувам да експериментирам дома, им се препуштам на професионалци кои добро ги познавам, а ме знаат и тие мене, ми ја знаат кожата на лицето, телото, косата итн“, рече водителката.

Милена откако се врати од одмор, им го разубавува денот на гледачите на Канал 5 ТВ, со нејзиниот стајлинг. Таа облече ултра кус фустан со бели високи потпетици за Утринската програма и сними видео во кое ги покажа долгите нозе, и фустанот кој одлично ѝ стои.

Слични објави

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova
Се вчитува....